Миле Маркоски нов декан на факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
На седница на Наставно-научниот совет, професор д-р Миле Маркоски беше избран за новиот декан на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
Со доверба од советот, тој ќе ја обавува функцијата во мандатниот период од 2024 до 2027 година.
Тимот на www.zemjodelie.mk, искрено му честита на професор Маркоски за изборот и му посакува успешен и плоден мандат.
Истовремено, изразуваме надеж за нашата идна соработка со него како декан и со Факултетот за земјоделски науки и храна.
Воедно би сакале да го поздравиме и досегашниот декан на овој факултет проф. д-р Вјекослав Танасковиќ.
Со гордост потсетуваме дека Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е еден од пионерските факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со 76-годишна историја.
Кон оваа водечка институција во областа на земјоделските науки и храната, ја изразуваме нашата доверба дека новиот декан ќе продолжи каде што застана стариот и дека ќе го унапредува земјоделието во Република Македонија.
Факултетот обезбедува квалитетно теоретско и практично образование во одлични услови за студирање и модерно опремени училници и лаборатории, амфитеатри, компјутерски училници, современа библиотека и друга соодветна опрема за непречена реализација на наставно-образовниот процес на студентите.
На прв циклус студии, студентите може да изберат една од студиските програми по:
Агроекономика,
Анимална биотехнологија,
Еко-земјоделство,
Заштита на растенијата – фитомедицина,
Квалитет и безбедност на храна,
Овоштарство, лозарство и винарство со модулите: Овоштарство со лозарство и Лозарство и винарство,
Поледелство,
Преработка на земјоделски производи со модулите Анимални преработки и Растителни преработки,
Хортикултура со модулите: Градинарство и цвеќарство и Хорткултура.
За квалитетно спроведување на наставно-образовниот процес и научно-истражувачката работа, на факултетот се грижат повеќе од 70 наставници, околу 20 асистенти, лаборанти и демонстратори, како и 20 вработени во административно-техничката служба на факултетот.
До денес, на Факултетот дипломирале повеќе од 8.100 студенти, 117 специјалисти, повеќе од 520 магистри и над 260 доктори на науки.
Миле Маркоски уште еднаш честито на изборот
За повеќе корисни стории посетете ја веб страната www.zemjodelie.mk , како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK