Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро советиПренесување на корисничко право врз земјиште

    Пренесување на корисничко право врз земјиште

    petel baner

    Пренесување на корисничко право врз земјиште.

    I.ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА ЗАКУПЕЦОТ

    Услови:

    1. Во случај на престанок на договорот за закуп од причините од членот 35 став 1 алинеја 9 на овој закон, корисничкото право може да се пренесе со непосредна спогодба склучена меѓу Министерството и наследниците на закупецот под услови предвидени во договорот кој бил склучен со закупецот, за преостанатиот период од времетраењето на закупот и

    2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

    Докази:

    1. Барање за пренесување на корисничкото со склучување на договор со непосредна спогодба 

    2. Копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;

    3. Извод од матична книга на умрените за закупецот;

    4. Правосилно судско решение или нотарски акт за спроведена оставинска постапка;

    5. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

    6. Записник за воведување во владение;

    7. Геодетски елаборат;

    8. Доказ за подмирена закупнина и

    9. Спогодба за начинот на пренесување на корисничкото право (доколку постои повеќе од еден наследник).

    Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

    II.ВО СЛУЧАЈ НА ОТВАРАЊЕ НА СТЕЧАЈНА ПОСТАПКА

    Услови:

    1. Во случај на престанок на договорот за закуп од причините од членот 35 алинеa 5 на овој закон, корисничкото право може да се пренесе на правните следбеници, под истите услови како во договорот кој бил склучен со закупецот, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а неплатен надоместокот за закупнина и

    2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

    Докази:

    1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;

    2. Тековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија на постара од еден месец;

    3. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

    4. Записник за воведување во владение доколку договорот за закуп не е склучен врз основа на член 62 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/98, 18/99 и 2/04);

    5. Геодетски елаборат;

    6. Доказ за подмирена закупнина;

    7. Решение за отварање на стечајна постапка;

    8. Решение за затварање на стечајна постапка и

    9. Спогодба за начин на пренесување на корисничко право (само доколку постојат повеќе од еден правни следбеници)

    Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

    III.ВО СЛУЧАЈ НА ОТВАРАЊЕ НА СТАТУСНА ПРОМЕНА

    Услови:

    1. Во случај на престанок на договорот за закуп од причините од членот 35 алинеa 7 на овој закон, корисничкото право може да се пренесе на правните следбеници на закупецот, под истите услови како во договорот кој бил склучен со закупецот кој извршил статусни промени, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а неплатен надоместокот за закупнина и

    2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

    Докази:

    1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;

    2. Tековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија на постара од еден месец;

    3. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

    4. Записник за воведување во владение доколку договорот за закуп не е склучен врз основа на член 62 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/98, 18/99 и 2/04);

    5. Геодетски елаборат;

    6. Доказ за подмирена закупнина;

    7. Нотарски акт за извршена статусна промена;

    8. Доказ од Централен регистар за извршен упис на статусната промена во трговскиот регистар или друг регистар на упис и

    9. Спогодба за начин на пренесување на корисничко право (само доколку постојат два или повеќе правни следбеници).

    Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

    IV.ВО СЛУЧАЈ НА БРИШЕЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД РЕГИСТАРОТ ЗА ВРШИТЕЛИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ

    Услови:

    1. Во случај на престанок на договорот за закуп склучен со индивидуален земјоделец поради бришење од Регистарот за вршители на земјоделска дејност, корисничкото право може да се пренесе на друг член на семејството на закупецот под истите услови како во договорот кој престанал да важи, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а не платен надоместок за закупнина;

    2.Корисничкото право согласно со ставот 5 на овој член се пренесува со непосредна спогодба склучена меѓу Министерството и членот на семејството кој ќе го определи закупецот од договорот кој престанал да важи и кој е согласен врз него да се пренесе правото на закуп за преостанатиот период на времетраење на закупот од основниот договор и

    2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

    Докази:

    1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;

    2. Копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;

    3. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

    4. Записник за воведување во владение;

    5. Доказ за подмирена закупнина;

    6. Потврда за бришење од Регистарот за вршители на земјоделска дејност;

    7. Извод од матична книга на родени за лицето на кое се бара пренесување на корисничко право и копија од лична карта;

    8. Доказ за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или решение за регистриран вршител на земјоделска дејност;

    9. Изјава за согласност од лицето на кое се бара пренесување на корисничкото право и

    Agrobot

    10. Доказ за сродство (извод на родени или извод на венчани).

    Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Пренесување на корисничко право врз земјиште.

    Придружете се на нашата заедница на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img