Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумна5 најскапи медови во светот

    5 најскапи медови во светот

    petel baner

    5 најскапи медови во светот – Ова се најскапите медови во светот. Во Македонија цената на медот се движи од 300 денари до 1200 денари. Не сме чуле некој мед во Македонија да се продава над 20 евра по килограм. Медот може да биде многу луксузен производ и цените на некои видови се исклучително високи. Тие потекнуваат од уникатни места или од ендемични цветни видови, а се разликуваат и по нивните специфични карактеристики.

    5 најскапи медови во светот

    1. Валар мед

    Потекнува од Нов Зеланд, од затскриена област во оддалечени шуми, со ретки автохтони видови, а најмногу од автохтоното дрво Rewarewa кое му дава богат цветен вкус. Се карактеризира и со многу мали количини, што ја одредува неговата астрономска цена од околу 6.270 евра за килограм и го прави најскап во светот. а>

    Otkup na kompiri

    2. Елфски или бел мед

    Од Турција доаѓа елфиски или бел мед, кој се произведува во регионот на Црното Море. Достигнува цена до 5.000 евра/кг. Доаѓа од пчели кои живеат во пештери кои собираат нектар од диви цвеќиња. Минералите од пештерите му даваат препознатливи својства, поради што многумина го сметаат за најдобар во светот. Познавачите тврдат дека неговиот вкус е далеку пред другите видови. Претходно беше прв на листата на најскапи.

    agrounik

    3. Сидр мед

    Овој вид потекнува од Јемен, неговите сушни области на југот на земјата. Пчелите собираат нектар од цветовите на дрвото сидр, кое ретко цвета, што ја зголемува неговата вредност. Се цени поради неговите лековити својства, зајакнување на имунитетот и богат овошен вкус. Се издвојува по високата содржина на антиоксиданси. Потребно е да се издвојат 280 евра за килограм.

    4. Тупело мед

    Се јавува во мочуриштата на северна Флорида и јужна Џорџија (САД). Препознатлив е по својот уникатен путер вкус и ниската кристализација. Пчелите собираат нектар од дрвото тупело и произведуваат помали количини. Цената е нешто над 100 евра/кг.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    5. Манука мед

    Уште еден вид од Нов Зеланд. Се добива од нектарот што доаѓа од грмушката манука. Тој е ценет поради неговите антивоспалителни и антибактериски својства. Се користи како состав од луксузни производи за нега на кожата и подобрување на здравјето. Неговата висока цена ја дава таканаречениот фактор манука, што укажува на неговиот антибактериски капацитет, а еден килограм чини 100 евра.

    Придружете се на нашата заедница на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img