домаАгро Вести1000 ТОНИ ВЕШТАЧКО ЃУБРИВО ЗАВРШИЈА ВО ДУНАВ

1000 ТОНИ ВЕШТАЧКО ЃУБРИВО ЗАВРШИЈА ВО ДУНАВ

Prokredit baner

1000 ТОНИ ВЕШТАЧКО ЃУБРИВО ЗАВРШИЈА ВО ДУНАВ – Во прекин е патниот сообраќај преку мостот меѓу Илок и Бачка Паланка.

Бродот кој пловел од Австрија кон Смедерево удрил во столб од мостот на Дунав на граничниот премин Илок-Бачка Паланка и притоа потонала баржата на која било натоварено вештачкото ѓубриво што го превезувал што претставува закана од еколошка катастрофа.

Семенарна хоризонтален банер

Германски товарен брод кој превезувал околу 1000 тони вештачко ѓубриво ноќеска удрил во стоб од мостот на дунав меѓу Илок и Бачка Паланка и поголем дел од товарот завршил во реката.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Сите шест членови на екипажот на германскиот брод Антонија се неповредени.

Тигар лого гиф

Од ПУ на Вуковар-Срем известија дека граничниот премин Илок-Бачка Паланка е затворен до дополнително известување, па апелираат до граѓаните кои имаат намера да ја преминат државната граница на Хрватска кон Србија да користат алтернативни гранични премини.

Како што соопшти градоначалничката на Илока, Марина Будимир, несреќата се случила околу 01 часот и 55 минути кога германски товарен брод кој превезувал товар во шлеп удрил во столб на мостот, при што бил оштетен мостот, а потонал еден шлеп со 1.000 тони вештачко ѓубриво.
Кога бродот удрил во мостот кај Бачка Паланка, дошло до пробивање на трупот на погонот „ЛОЛА 5“ кој потонал – рече Петровиќ и додаде дека бродот и погонувачите биле натоварени со вештачко ѓубриво.

Petel.mk

Градоначалничката на Илока, Марина Будимир, за хрватските медиуми најави дека сообраќајот преку мостот ќе биде во прекин додека не се утврди степенот на оштетување и стабилноста на мостот.
Истрагата е во тек, вели тој, ја спроведуваат надлежните служби на Србија, а сите надлежни служби на Хрватска се навремено информирани.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img