Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро колумнаРудници и Хидроцентрали да или не?

    Рудници и Хидроцентрали да или не?

    petel baner

    Рудници и Хидроцентрали да или не? Бизнис интересите притискаат локалното население се бори да ја зачува животната средина.

    Огромно незадоволство за можноста околу отворањето на рудник за злато и бакар во регионот Иловица, во струмичкиот регион исто има барања со кои треба да се избегнат новите градби на хидроцентрали во областа на планината Кожув.

    Активистите најавуваат дека веќе е започната процедура за прогласување на регионот и планината Кожув како Национален парк.

    Сите овие мерки се превземени со цел за намалување на загадувањето во Струмица која во последниве години е еден од најзагадените градови во Македонија.

    Седум години, активистите непрекинато се трудат да го зачуваат зеленилото на овој регион и да го спречат злоупотребувањето на природните ресурси.

    Фронтовите на борбата за зачувување на животнтата средина и плодното земјиште се менуваат и се водат и против странски инвеститори и против владата и против домашни колаборатори.

    Процесот на доделба на концесија за рудникот Иловица, во кој учествува државата и концесионерот Еуромакс рисорсис, е долг и исцрпувачки. Активистите се трудат да ја убедат јавноста дека отворањето на рудникот не треба да се дозволи бидејќи тоа ќе значи смрт за животната средина во овој регион.

    Активистите ги повикуваат институциите да предприемат акции против загадувањето во Струмица.

    Според нив, причината за големиот дел загадување е во индустриските објекти и неревидираните еколошки дозволи што се издаваат за повеќето предпријатија.

    На југоисток, започната е иницијатива за прогласување на Кожув како национален парк.

    Во последните години, успешно се спречени геолошките истражувања за рудници, а активистите се борат и против градбата на две нови мали хидроцентрали, што според нив би предизвикало исушување на речните корита и нарушење на биодиверзитетот.

    Идејата за прогласување на Кожув за национален парк не е нова и се појави уште кога Гевгелија организираше референдум за рудниците на планината.

    Agrobot

    Активистите ја гледаат како заштита од инвеститорите што ги посматраат природните ресурси како извор на економска добивка.

    Здрава котлина е најголемиот и најупорниот борец за заштита на природната средина во југоистокот на државата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доколку ја подржувате нивната работа еве овде може да ги заследите на нивната фејсбук страна и да ги видите сите нивни активности ЗДРАВА КОТЛИНА

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img