Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

4.8 C
Skopje
Sunday, March 3, 2024

More
    домаАгро колумнаАФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА - ОТКРИВАЊЕ И ДИЈАГНОЗА

    АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА – ОТКРИВАЊЕ И ДИЈАГНОЗА

    Agrobot

    АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА – ОТКРИВАЊЕ И ДИЈАГНОЗА

    Африканската свинска чума ја предизвикува уникатен, обвиен, цитоплазматичен, арбовирус со двојна ДНК, кој е единствен претставник на фамилијата Asfarviridae .

    Иако генерално се мисли дека има само еден серотип на вирусот на Африканска свинска чума, најновите истражувања известуваат за класификација од 32 изолати на вирусот на Африканска свинска чума поделени во осум различни серогрупи врз основа на тест на инхибиција на хемапсорпција (HAI) (Malogolovkin et al., 2015).

    Меѓутоа, генетската карактеризација на сите изолати на вирусот на Африканска свинска чума познати до сега, укажуваат на 23 географски поврзани генотипови со бројни подгрупи, што укажува на комплексноста на епидемиологијата на Африканска свинска чума (Слика 4).

    Генотипот е одраз на варијабилноста на сегмент на единствен ген и протеин (VP-72) и најчесто се користи филогенетско и молекуларно епидемиолошки цели (пр: за да се идентификува изворот на жариште). Колку што е познато, не ја одредува вирулентноста или другите параметри на болеста.

    Во природниот циклус кај дивите животни, меките крлежи Ornithodoros (уште познати како tampans), заедно со Африканските диви свињи, претставуваат природен резервоар на вирусот на Африканската свинска чума.


    АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА:
    ОТКРИВАЊЕ И ДИЈАГНОЗА

    Тие можат да го пренесуваат вирусот со каснување. Сите членови на фамилијата (Suidae) се приемчиви на инфекцијата, но клинички болеста се манифестира само кај домашни и диви свињи, како и кај блискосродната Европска дива свиња. Африканските диви свињи се асимптоматски носител на Африканска свинска чума и делуваат како резервоар на вирусот во делови на Африка .

    Овде се вклучени и брадавичестата свиња (Phacochoerus africanus и P. aethiopicus), шумската дива свиња (Potamochoerus porcus и Potamochoerus larvatus) и џиновската шумска свиња (Hylochoerus meinertzhageni).
    Пренесување

    Вирусот на Африканска свинска чума традиционално перзистира во добро познати циклуси, силватичниот циклус, циклусот крлеж – свиња и домашниот циклус (свиња – свиња).

    Во поново време опишан е и циклус кај дивите свињи кој може некогаш да биде вклучен во циклусот на домашни свињи.

    Силватичниот циклус се јавува само во некои делови на Африка и вклучува брадвичеста свиња и крлежи од комплексот Ornithodoros moubata.

    petel baner

    Циклусот крлеж – свиња вклучува свињи и крлежи Ornithodoros spp., за кои е познато дека се присутни во делови на Африка и Пиринејскиот Полуостров. Преносот од силватичкиот циклус (Африкански диви свињи) на циклусот на домашни свињи (фармски одгледувани свињи) се појавува со индиректен пренос од крлежи.

    Ова може да се случи кога брадавичестата свиња и домашните свињи престојуваат во иста област, особено кога брадавичестата свиња прави брлози на фарма или кога крлежи се внесени во селото преку мрши од брадавичеста свиња заловена за храна.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk


    АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА:
    ОТКРИВАЊЕ И ДИЈАГНОЗА

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img