Tрагедија во свињарската фарма во светиниколското село Амзабегово,
Eден работник почина, а друг се наоѓа во тешка здравствена состојба по труење со хемиска материја.
Починатиот работник на свињарската фарма во светиниколското с. Амзабегово немал респираторна заштита, утврдиле инспекторите на Државниот инспекторат за труд.
Според првичните информации, ја отворил решетката која ги поврзува халата со јамата.
Тој се симнал во дупката за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата.
Обдукцијата треба да покаже од која токсична материја се затрул и починал, а неговиот колега се здобил со тешки повреди на мозокот.
Веднаш по несреќата, Државниот инспекторат за труд изврши вонреден инспекциски надзор.
Вториот работник, кој во моментот на несреќата се обидел да му помогне на својот колега, се затрул од токсичните гасови и веднаш е пренесен на Клиниката за токсикологија.
Според првичните медицински наоди, се здобил со оштетувања на мозокот, не препознава никого, го загубил говорот и манифестира неартикулирани движења.
Засега нема детали за каква конкретно материја станува збор, но најверојатно се работи за амонијак.
Потенцијалните мозочни оштетувања ќе се знаат по утрешната компјутерска томографија.
СВР Штип го потврди случајот кој бил пријавен во понеделникот околу 11 часот.
Tрагедија во свињарската фарма
–На самото место починал работникот О. Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С. Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, вели портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK