домаАгро ВестиГрчките земјоделици излегоа на протест

Грчките земјоделици излегоа на протест

Prokredit baner

Грчките земјоделици излегоа на протест – Последните денови беа најавувани и еве почна да се одржуваат протести на грчките земјоделци кои со своите трактори, поставија блокади во близина на градовите Лариса и Кардица во централна Грција.

Тензичен момент се случи кога обидоа да стигнат до автопатот, каде што беа спречени од полицијата.

Семенарна хоризонтален банер

Основните барања на земјоделците вклучуваат надоместоци поради намаленото производство предизвикано од непогоди и болести. Сепак, нивните претензии не завршуваат тука. Тие исто така бараат изградба на инфраструктурни проекти кои ќе ги заштитат од временските неприлики, како и намалување на трошоците за производство.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса, Ризос Марудас, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, истакна дека денешниот протест има за цел да ги истакне проблемите на земјоделците.

Тој изрази недоволство поради отсуството на конкретни одговори од надлежното Министерство и отворено го остави влезот за продолжување со протестите и поставување на блокади на автопатите во иднина.

Тигар лого гиф

Според Марудас, земјоделците се подложени на големи предизвици кои произлегуваат од природните неприлики и епидемиите. Нивните барања се не само за нив, туку и за општеството како целосно и изрази надеж дека властите ќе имаат слух за нивните проблеми.

Очекувањата се високи, а ситуацијата на терен продолжува да биде напната. Сега се на ред на властите да одговорат и пронајдат решение за поддршка на грчките земјоделци.

Petel.mk

Ќе ги следиме сите информации за најновите развој со протестите на земјоделците кај нашиот јужен сосед.

Грчките земјоделици излегоа на протест

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img