Пита со праз тегнета – СОСТОЈКИ и ПОДГОТОВКА
СОСТОЈКИ
700 г Екстра бело брашно тип 400
350 мл млака вода
¼ од квасец
прстофат сол
100 мл масло за јадење
За фил
3 страка праз, ситно исечкан
2 лажици масло за јадење
1 јајце
200 г урда или дробено сирење
ПОДГОТОВКА
Во тава на оган се загрева маслото и се пржи празот 5 минути.
Во изладениот пржен праз се додаваат јајцето и урдата.
Во длабок сад се меша брашното, водата, квасецот и солта и се замесува меко тесто.
Тестото се дели на 9 еднакви дела.
Секој дел се премачкува со масло за јадење и се остава да отстои околу 10 минути.
На платнен чаршаф се зема една од корите и се тегне колку што може потенко. Врз истегнатата кора се нанесува филот и со помош на платениот чаршав се витка во ролат.
Постапката се повторува и со останатите кори. Вака подготвената пита се реди во подмачкан плех и се попрскува со масло за јадење. Се пече на 180°С околу 25-30 минути.
Откако питата ќе се испече се покрива со влажна крпа за корите да останат меки и ровки до наредниот ден.
Пита со праз тегнета – преубав традицонален рецепт.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK