Исплатата на дополнителните субвенции за предадено јаболко. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет.
Вкупната исплата е во вредност од 203,3 милиони денари, исплатена до сметките на 1.955 земјоделски стопанства.
Како корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства, кои се корисници на мерката за оддржување на постоечки јаболкови насади, и кои оствареното производство на јаболка во период од 15 септември 2022 година – 15 мај 2023 година, го имаат предадено кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Висината на директните плаќања по оваа мерка изнесува 3 денари по килограм.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK