Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

18.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро ВестиАфриканска чума

    Африканска чума

    petel baner

    Африканска чума високо заразна болест кај питомите и дивите свињи.


    Што е африканска чума кај свињите?
    Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи кај сите старосни категории кое предизвикува големи економски загуби.

    Како се пренесува и шири африканска чума кај свињите?
    Вирусот се излачува преку крв, ткива, секрети и екскрети од болни или угинати животни.

    Болеста се пренесува и шири со:

    директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе;

    индиректно се пренесува прекузаразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека;

    биолошки пренос од векторот- мек крлеж од родот Ornithodoros.

    Главните видови на животни кои се приемчиви на вирусот на африканска чума кај свињите се:

    домашните свињи, Европската дива свиња и Американски диви свињи;
    африкански диви свињи (Phacochoerus aethiopicus, Potamochoerus sp. и Hylochoerus einertzhageni);
    крлежите од родот Ornitodos spp.


    Периодот на инкубација трае од 4 до 19 дена.

    Кои се клинички знаци на африканска чума кај свињите?
    Болеста се манифестира со:

    треска (40.5-42˚Ц), општа слабост, анорексија, летаргија, губење на апетит;
    Смртноста кај домашните свињи може да биде и 100%. црвенило по кожата;
    исцедок од носот и очите кој може да биде и крвав;
    сино-виолетово обојување и крварења по кожата во вид на кругови или поголеми површини во пределот на ушите, стомакот и нозете;
    отежнато движење и оток на зглобовите;
    повраќање;
    крвав измет;
    абортус кај гравидни животни;
    смрт кај животните за 6 до 9 дена или 11 до 15 дена, зависно од вирулентноста на вирусот;
    Животните кои ќе оздрават остануваат трајни носители на вирусот.

    Кои се ризиците по јавното здравје?
    Луѓето не се приемчиви на вирусот и болеста.

    Што се презема за спречување и контрола на болеста африканска чума кај свињите?

    Мерките за контрола и искоренување на болеста се:

    Agrobot

    забрана и контрола на движење на животните;
    убивање и нештетно уништување на заразените животни;
    чистење и дезинфекција;
    Африканската чума кај свињите не се лекува!

    Диви свињи
    Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од угинатите животни во кои вирусот опстојува долго време.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Дивите свињи се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од угинати животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од угинати диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина дури и кога густината на популацијата на диви свињи е ниска. Географското ширење на вирусот преку дивите свињи е 30 до 50 км/годишно.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img