Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумнаПилевина за во градина

    Пилевина за во градина

    petel baner

    Пилевина за во градина – Не фрлајте пилевина, корисно е во градината!
    Пилевината од струготини од дрво може да биде корисна во земјоделството ако е правилно подготвена пред да се стави во градината.

    Струготините од дрво ја подобруваат структурата на почвата, можат да се користат за мулчирање, но и закиселување на почвата.

    Otkup na kompiri

    Пилевината ја прави почвата полабава, го спречува формирањето на прекривка и растот на плевелот. Апсорбира големо количество течност, а единствената негативна карактеристика е што зема азот од земјата при распаѓање.

    Затоа, потребно е пилевината да се подготви на вистински начин, пред да се извади во градината, за да се добијат позитивни ефекти.

    Во процесот на распаѓање, струготините земаат азот од почвата, особено од четинарите. За да се спречи тоа да се случи, треба да се меша со азотни ѓубрива.

    Од природните извори на азот тоа се копривите, свежо исечената трева и ѓубривото од живина или овци.
    Пилевината најчесто се користи на парцели со боровинки или зеленило, бидејќи тие успеваат на кисели почви.

    Пилевината се додава во слабо кисела и неутрална почва, ако се меша со пепел, вар, мелена креда или брашно од доломит.

    agrounik

    Кога струготини ќе се измешаат со пепел и дел од азотни ѓубрива, а потоа ќе се остават две до три недели во затворен сад, тоа нема да има негативно влијание врз почвата.

    Вака подготвената пилевина може да се користи за мулчирање на јагоди или лук. Ако се сее напролет, ќе има улога на ѓубриво.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Слој од прекривка од пилевина, дебел околу три сантиметри, ќе го спречи испарувањето на влагата и растот на плевелот во текот на летото.

    Пилевина за во градина

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img