Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

More
    домаАгро ВестиБлокада поради вода

    Блокада поради вода

    petel baner

    Блокада поради вода – Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип – Велес револтирани од тоа што немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница”. Блокадата на патот како што е најавено ќе трае 2 часа.

    Тие се жалат дека посевите ќе се исушат бидејќи не можат редовно да наводнуваат иако плаќаат надоместок на водостопанство „Брегалница“.

    Otkup na kompiri

    -Плаќаме надоместок за наводнување, ама посевите се сушат бидејќи не можеме редовно да ги наводнуваме нивите. Минатиот викенд ни пуштија вода, но тоа не е доволно – велат зeмјоделци.
    Вчера директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА изјави дека е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион бидејќи вода треба да се испорача за оризовите полиња во кочанско-виничкиот регион

    – Имаме рестрикции на водата и план за наводнување, изминатиот период во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме, за време на викендот земјоделците имаа вода за да ги наводнат своите ниви, кои според пријавеното треба да бидат околу 3.000 хектари – изјави тој.

    agrounik

    Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кого му треба санација, но и долгоречно решение, какошто е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување, а ова регионалната подружница кубури и со стручен кадар, кој треба да работи на терен.

    Македонија е земја на планини, реки и езера а да нема вода за наводунување. Огромен процент од нивните не се наводнуваат бидејќи се напуштени и повторно немаме доволно вода. Криви ни биле застарените системи што се изградени пред 70 години па и повеќе.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Експертите поделени едни викаат имаме доволно вода но не ја користиме правилно други велат дека поради климатските промени Македонија станува пустина. Само оној горе знае што е вистината.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img