Преспанско езеро пресушува – На Преспанско Езеро му се случува забрзано исчезнување. Во однос на ланскиот 5 јули, нивото е пониско за цели 39 cm, иако според досега воспоставената динамика на намалувањето беше очекувано намалување од околу 18-20 cm.
При површина на езерото од околу 258 квадратни километри, за една година се неповратно изгубени околу 100 милиони кубни метри вода, од што половината се непланирани, односно повеќе од повеќегодишниот тренд.
Истовремено може да се констатира дека количеството на снежни врнежи на планините минатата зима потфрлило, што директно се одразило и на езерото.
Како што се гледа од дијаграмот, годинава за прв пат максимумот на сината линија не ја достигна горната (зелена) линија на трендот, што е означено со овалната портокалова линија.
Тоа се одвишно одлеаните 50-ина милиони кубни метри вода. Инаку и ланската година немало да биде достигната горната линија на трендот, но благодарение на обилните врнежи кон крајот на јуни, сепак бил фатен чекор со планираниот тренд.
Летнава сезона езерото ја започнува од многу ниска стартна позиција. До крајот на ноември, кога што се очекува годинешниот минимум, се очекува спуштање на нивото за околу 55 cm, што може да го одведе нивото на нов стогодишен минимум, најмалку до кота -525 cm.
Доколку се оствари ова ужасно сценарио поради отсуство на врнежи и при сегашната загуба на водата, ланскиот минимум би бил пробиен за дури 30-35 cm.
Тука се работи за природна стихија што не можеме да ја сопреме, но доколку се сопре исцрпувањето на водата заради наводнување, можеме барем малку да го подзабавиме ова исчезнување на езерото пред нашите очи.
Фејсбук пост на Дејан Трајковски
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK