Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Tuesday, December 3, 2024

More

    ФК Тиквеш

    petel baner

    ФК Тиквеш – Фудбалерите одиграа возбудлив натпревар против Брејдаблик во првото коло од квалификациите за Конференциската лига. Освојувачот на Купот на Македонија се врати од негатива од два гола (0-2) и со три ЕВРОГОЛА извојува голема победа од 3-2. Навивачите на Тиквеш, кои цело време ги бодреа своите херои, докажаа дека се дванаесеттиот играч на тимот.

    Македонскиот тим мотивирано го отвори дуелот на „Тодор Проески“ во Скопје, но изгоре од желба да се докаже на своето деби. Кавадарчани тргнаа офанзивно и уште во раната фаза на средбата имаа две големи шанси за отворање на резултатот. Првата не ја искористи Стојкоски по една одлична контра, додека нешто подоцна неуспешен обид со глава имаше Ѓорѓиев.

    Otkup na kompiri

    На спротивната страна, пак, гостинот мудро ја чекаше својата шанса, а таа пристигна во тринаесеттата минута, кога на додавање на Торвалдсон, погоди Еинарсон за 0-1. По примениот гол, Тиквеш влезе во нова офанзива и одново не ги искористи своите шанси. Најизгледната ја имаше Спахиу во 28. минута, кога биеше прецизно, но недоволно силно за да го совлада противничкиот голман Еинарсон.

    По новото промашување на кавадарчани следуваше уште една казна и исландскиот тим го зголеми водството. Торвалдсон повторно ја имаше улога на асистент, додека овој пат мрежата на Тиквеш ја затресе Кристинсон за 0-2, резултат со кој се замина на одмор.

    Ѓорѓи Мојсов, незадоволен од одиграното на својот тим, се реши да направи тројна замена на стартот од второто полувреме и целосно го освежи нападот. Спиркоски, Витао и Гуера добија шанса за докажување и играта на Тиквеш значително се промени. Се играше многу подинамично и поедноставно, но на кавадарчани одново како да им фалеше тој последен пас или мирна завршница. Сепак, во прав момент проработе врската меѓу Спахиу и Спиркоски. Во 74. минута Спахиу подели прекрасна асистенција во стилот на Лука Модриќ, а голот на Спиркоски беше мало ремек-дело за намалување на водството на гостите на 1-2. Само шест минути подоцна следуваше нова мајсторија во режија на кавадаречките фудбалери. Стојанов од слободен удар постигна голчиште во мрежата на Еинарсон и израмни на 2-2.

    agrounik

    Во 83. минута, Мојсов најде уште еден џокер во ракавот – Гуера, кој како метеор се појави и го најде патот до противничкиот гол. Радоста на трибините беше неопислива, а навивачите на Тиквеш сигурно уште сонуваат за тој момент. Реваншот во Исланд се игра за една седмица, па да се надеваме дека кавадаречките навивачи ќе имаат уште многу поводи за радост.

    Претходно пораз од 2-0 забележа и вториот наш претставник во Конференциската лига, тетовска Шкендија, која во финишот попушти на гостувањето кај Ноах.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Овој текст нема врска со Земјоделие ама моравме да го објавиме бидејќи навистина се радуваме на овој резултат и воедно уште еднаш сакаме да ги пофалиме навивачите ЛОЗАРИ а меѓу навивачите беше и министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img