Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

15.8 C
Skopje
Saturday, September 14, 2024

More
    домаАгро ВестиОризовата арпа остана во амбарите

    Оризовата арпа остана во амбарите

    petel baner

    Оризовата арпа остана во амбарите – Над 5 илјади тони оризова арпа од лани стои во амбарите

    Владата ќе ја откупеше па се пишмани.

    Otkup na kompiri

    На две недели пред почетокот на жетвата на оризот, земјоделците од кочанскиот регион се соочени со проблеми околу складирањето на непродадената оризова арпа од лани, која количина се проценува на над 5 илјади тони. Производителите велат дека од Владата ветувале откуп, но дека сега им кажуваат дека нема можност.

    Ниските откупни цени, со кои не можат да ги покријат трошоците за производство, како што велат земјоделците, се главна причина што оризовата арпа сè уште стои во амбарите, иако очекувале дека во летниот период ќе има пораст на цените.

    „Со прибирањето на новата реколта ќе имаме проблем, затоа што откупувачите тактизираат со цените. Во моментот даваат од 30 до 32 денари за килограм, а ако при лупењето се добие над 40 отсто бел ориз цената е 35 денари за сортата опале, додека за сортите Сан андреа и Канео е од 37 до 40 денари. Се договаравме и со министерот, кој рече дека треба да го откупат произведеното од лани, тие првично се согласија, но сега викаат дека не се во можност поради состојбите на пазарот.Извозот во Србија не одел затоа што таму имало увоз од Грција. Исто така, преработувачите сега ги ремонтирале машините за лупење на оризот од новата реколта и постојано си имаат оправдувања. Значи, ниту еден килограм од тоа што беше договорено со министерот, не е откупен“, истакна Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево.

    agrounik

    Земјоделците реагираат што откупните цени и понатаму се определени од пред неколку години, според тогашните параметри за трошоци во производството.

    „Сè уште се водиме според производни цени што пред три години ги дадоа од Земјоделскиот институт во Скопје, а оттогаш имаме проблем поради зголемената употреба на ѓубрива и хербициди, поради што и трошоците ни пораснаа. Значи треба да се искалкулира нова цена. Очекуваме средба со министерот за да се најде решение, со оглед што соработката меѓу земјоделците и откупувачите во изминатите дваесетина години се одвива тешко. Тоа влијае многумина да го намалат или целосно да се откажат од производството, па и да се иселуваат од државата. Потребно е да се направи либерализација на пазарот на оризот за да се обезбеди негово производство и во иднина на овие простори“, истакна Стојче Ташовски, земјоделец од Облешево.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од претстојната жетва на оризот се очекуваат околу 20 илјади тони арпа, за кои ако не се најде решение со откупот и пласманот, ќе има проблем со складирањето.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img