Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Friday, January 30, 2026

More
    домаАгро ВестиПроизводителите на јачмен ќе добијат двојно повеќе по хектар

    Производителите на јачмен ќе добијат двојно повеќе по хектар

    Prokredit baner

    Производителите на јачмен добиваат сериозна помош. На седницата е донесена и одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

    Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска донела одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица, со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица.

    bum.mk

    Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура, се наведува во соопштението од владината прес-служба, е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз.

    На седницата е донесена и одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

    Тигар лого гиф

    „Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм.

    За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен.

    Petel.mk

    Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите да ја покријат загубата“, стои во соопштението од Владата.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img