Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

More
    домаАгро ВестиПроценители на тутун

    Проценители на тутун

    petel baner

    Проценители на тутун – Полагање – Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година.

    Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Otkup na kompiri

    Обуката и полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи во месец октомври 2024 година во зависност од пријавените кандидати во Научен Институт за тутун-Прилеп.

    Лицата кои имаат добиено лиценца за процена на тутун до 2016 година, а не посетиле обука може да се пријават за обука во Научниот Институт за тутун-Прилеп до 10 октомври 2024 година.

    Кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун дополнително ќе бидат известени за денот на посетување на обуката и денот за полагање на испитот, како и за трошоците за обука и трошоците за полагање на испитот.

    Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на небеобработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи: 

    1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат

      -диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

    2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

      -документ за завршено образование и потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

       *високо образование со две години работен стаж,

       *вишо образование со три години работен стаж,

       *средно образование со четири години работен стаж.

    3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун најмалку пет години треба да приложат:

    -договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование. 

    agrounik

    4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование (4 години).

    Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 30.09.2024 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул. “Ленинова” бр.2, 1000 Скопје.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Проценители на тутун

    ПРЕВЗЕМИ БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА НЕОБРАБОТЕН ТУТУН

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img