Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

More
    домаАгро училницаАглеста дамкавост кај листовите на краставицата

    Аглеста дамкавост кај листовите на краставицата

    petel baner

    Аглеста дамкавост кај листовите на краставицата – Име на болест: Pseudomonas syringae pv. lachrymans
    Култура: КРАСТАВИЦА
    Опис: Болест која повремено преставува озбилна причина во произвотството на краставици.

    Симптомите се манифестираат на листот во вид на аглести, прозирни дамки со аглеста форма.

    Otkup na kompiri

    Дамките подоцна се сушат, а одумреното ткиво лесно се крши и опаѓа па листот изгледа како да е избушен. Од листот се пренесува на плодовите.

    Младите плодови добиваат жолтеникава боја, се деформираат и опаѓаат. На постарите плодови се забележуваат ситни маслинести дамки во чии рамки ткивото омекнува и пука.

    Од заболените места се сливаат капки од бактерискиот ескуд со светложолтеникава боја. Од заболените плодови паразитот се пренесува на семето.

    Бактеријата се одржува во заболените растителини остатоци во почвата и во заразено семе со што се пренесува на следната вегетација.

    agrounik

    Понатамошното ширење на болеста се врши со дождовните капки па затоа врнежливо време одговара за ширење на болеста.

    За заштита се користат мерки со употреба на здраво семе, дезинфекција на семето, уништување на растителните остатоци, воведување плодоред.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За заштита на растенијата во полски услови може да се користат бакарни фунгициди.
    Препарати
    CHAMP FORMULA 2FL

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img