Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

More
    домаАгро советиОдгледување на грав

    Одгледување на грав

    petel baner

    Одгледување на грав.

    ГРАВ
    Гравот се одгледува заради висококвалитетната хранлива вредност на семето кое содржи јаглехидрати, белковини и минерални
    материи.
    Се користи како зрно или како мешунка (боранија). Растителните отпадоци по бербата се користат како храна за домашните животни. Гравот е едногодишно растение.

    Otkup na kompiri

    Агроеколошки услови за одгледување на грав

    Температура. За одгледување на гравот во текот на вегетацијата (од сеидба до
    берба) потребна е температура од 20 до 30 °С.

    Вода. Гравот има умерена потреба од вода. За да може нормално да расте и да се развива, потребно е наводнување, но водата не треба долго време да се
    задржува во почвата (почвата треба да е добро дренирана).

    agrounik

    Почва. Треба да биде мека, ровка, рН да биде од 6,5 до 7,5.

    Агротехнички мерки за одгледување на грав

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Плодоред. Гравот треба да се одгледува во плодоред. Најдобри преткултури се сите полјоделски култури, освен сончогледот и останатите мешункасти
    растенија, бидејќи заболуваат од исти болести. Обработка на почвата. Има големо
    значење заради кореновиот систем кој се формира во поплиткиот ораничен слој. Основната обработка на почвата се извршува што порано на длабочина од 25
    до 30 cm. Ѓубрење. За одгледување на грав, почвата се ѓубри со NPK и со шталско ѓубре.
    Сеидба. Се извршува со здраво и зрело семе кое има добра ’ртливост. Сеидбата
    отпочнува во втората половина на април, кога температурата на почвата изнесува
    10 до 12 °С.
    Нега на гравот. По поникнувањето, треба да се изврши окопување и меѓуредово култивирање на посевот, со цел уништување на плевелите. Наводнувањето на гравот е задолжителна мерка. Доколку во посевот се јават болести и штетници, се применуваат заштитни мерки.
    Жетва. Гравот зрее постепено оддолунагоре (кон врвот). Доколку бербата се изведува рачно, таа е сукцесивна.
    Доколку бербата е машинска, потребно е да паднат листовите (тогаш мешунките се
    зрели), па да се изврши бербата.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img