ЈАЧМЕН – Јачменот е житна култура која се користи за сточна храна и за производство на пиво. Како јачменов (пивски) слад се користи и во пекарската, кондиторската и текстилната идустрија, потоа за производство на квасец и друго.
Агротехнички мерки за одгледување на јачмен
Плодоред. Исто како и пченицата, јачменот не поднесува одгледување во монокултура. Затоа, најдобро е да се одгледува по окопни и легуминозни
култури.
Обработка на почвата. Основната обработка се состои во орање на длабочина од 30 до 35 cm, две до три недели пред сеидбата. Доколку имало преткултура со порана берба, се изведуваат две орања. Дополнителната обработка се состои во „браносување“, се со цел да се добие ровка почвена површина подготвена за сеидба.
Ѓубрење. На почвата на којашто ќе се одгледува јачмен треба да се изврши ѓубрење со органски ѓубрива пред основната обработка. Во текот на вегетацијата јачменот се прихранува еднаш до двапати, еднаш за време на братењето, а вториот пат доколку има потреба.
Прихраната се врши со азотни, фосфорни и калиумови ѓубрива.
Сеидба. Постапката се реализира со семенски материјал. Времето на сеидба зависи од агроеколошките услови и од видот. Количеството семе за сеидба на 1 ha изнесува од 130 до 170 kg/ha, а за сточна исхрана од 140 до 210 kg/ha. Сеидбата се изведува со редосеалка на длабочина од 3 до 4 cm.
Нега на јачменот. Се состои во уништување на плевелот и заштита од болести и штетници.
Жетва. Жетвата на јачменот кој се користи за сточна храна се изведува со комбајн во фаза кога зрното има восочна зрелост (во него има влага од 30 до 35 %), а за пивскиот јачмен кога тој е во полна зрелост (околу 14 % влага).
Сушење на зрното. Доколку зрното од јачменот содржи поголемо количество влага, потребно е правилно да се чува за да не се „самозапали“ и да мувлоса.
Во смеса со граор, грашок и други култури се одгледува за добивање храна за домашните животни.
Сламата од ’рж се користи за плетење на
различни кошници и други предмети. Од зрното може да се произведува скроб и алкохол.
Постојат зимски и пролетни видови ’рж.
Агроеколошки услови за одгледување на ’рж:
Температура. ’Ржта нема некои посебни барања коишто се однесуваат на температурата. Семето може да ’рти на 1 до 4 °С. Оптимална температура за
одгледување на ’рж е 25 °С. Во зима, може да издржи многу ниски температури (до
-35 °С).
Вода. ’Ржта е отпорна на суша, бидејќи има добро развиен коренов систем, а на
стеблото и лисјата има восочна обвивка и ситни влакненца кои не дозволуваат поголема транспирација.
Најголеми потреби за вода има за време на вретенисувањето, класењето и налевање
на зрното.
Почва. Најдобри почви за одгледување на ’рж се песокливите, тресетните, дури
и поглинестите почви кои се наоѓаат на ритчесто-планинските подрачја.
Агротехнички мерки за одгледување на ’рж:
Плодоред. Најдобро е да се одгледува по окопни и легуминозни култури.
Обработка на почвата. Основната обработка се состои во орање
на длабочина од 30 cm. Доколку обработката се врши две недели пред сеидбата, почвата треба да се набие со валјак.
Ѓубрење. Колкаво количество ѓубре ќе се користи зависи пред се од плодноста на почвата. Доколку почвата е песоклива, се препорачува ѓубрење со шталско
ѓубре. Најчесто се користи NPK ѓубре.
Сеидба. Постапката се реализира со семенски материјал. Времето на сеидба зависи од агроеколошките услови и од видот (сортата). Количеството семе за сеидба на 1 ha изнесува од 130 до 200 kg/ ha. Сеидбата се изведува со редосеалка
на длабочина од 4 до 5 cm.
Нега. Исто како кај пченицата и јачменот, односно, негата се состои во уништување
на плевелот и заштита од болести и штетници.
Жетвата се изведува со комбајн.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK