Перфектна комбинација LOVOL трактори и LOVOL предни хидраулични утоварачи, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Предните утоварачи се тип на опрема која се додава на тракторот за да се зголеми неговата разноврсност и употребливост. Тракторите LOVOL поседуваат опција за монтирање робусна и сигурна опрема, компактни LOVOL предни хидраулични утоварачи, управувани и контролирани од возачкото седиште, кој ќе им обезбедат на фармерите и земјоделските професионалци моќен алат со широк опсег на употреба за да ја зголемат нивната продуктивност во работата.
LOVOL предните хидраулични утоварачи се дизајнирани совршено да одговараат на структурата на LOVOL тракторот и моќноста на моторот. Предниот хидрауличен утоварач е структуиран и монтиран што е можно поблисту до надолжниот центар на тракторот со што тежината е рамномерно распоредена на предната и задната оска и како резултат на тоа обезбедува стабилност, сигурност и испорачува висок степен на сила за кревање и издржливост, овозможувајки лесно да се справи со големи товари.
Професионално инсталираниот хидрауличен систем, составен од серија хидраулични цилиндри, фитинзи, цевки, вентили и електро хидрауличен разводник со високи перформанси и цврстина, му обезбедува на операторот прецизно, стабилно и лесно управување со висока сигурност во обавувањето на сите операции од комфорот на возачкото седиште.
LOVOL предните хидраулични утоварачи се ефикасна опрема и алат, прецизно изработени од цврсти и издржливи материјали, совршени за задачи како рамнење, редење, транспорт и товарање материјали како земја, песок, чакал, градежен отпад и друго. Исто така се користат при утовар и истовар на сите врсти бали, палети, трупци дрво, ѓубриво итн. Мултифункционалноста е обезбедена преку различни видови корпи и додатоци достапни наспроти апликацијата и материјалот со кој се ракува, како стандардна корпа, комбинирана корпа, корпа со отварање (крокодил), вилушка вила, вилушка за ѓубриво, фаќач за бали, фаќач за трупци дрво и други.
Спецификација за LOVOL предни хидраулични утоварачи:
Сигурната комбинација од LOVOL предните хидраулични утоварачи и моќните LOVOL трактори, им овозможува на фармерите и професионалните земјоделци да ја зголемат својата продуктивност и ефикасност во работата, што ги прави вреден додадок на Вашите фарми и приклучна механизација.
Секоја година, LOVOL снабдува повеќе од 100.000 трактори, 50.000 комбајни и 120.000 мотори за возила, во својата дистрибутивна мрежа која опфаќа повеќе од 120 земји во светот.
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
Разгледајте дополнително понудата на Најк Пром Дооел на нивнатата веб страна, Фејсбук, Инстаграм.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK