домаАгро ВестиМлекари проверете си ги сметките

Млекари проверете си ги сметките

Pneumatik baner

Млекари проверете си ги сметките – Денеска беше извршена исплата на финансиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Вкупно 294.212.786,00 денари се исплатени на 4.533 производители, кои своето млеко го предале на регистрирани откупувачи во првата половина од 2024 година.

Семенарна хоризонтален банер

Оваа поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, која има за цел да ги стимулира и поддржи производителите на млеко во нивните напори за одржливо производство.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Производителите кои се регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и кои го предале своето млеко во месеците јануари, февруари, март, април, мај и јуни, се квалификуваа за оваа финансиска поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка се врши навремено и редовно, согласно утврдениот календар.

Оваа иницијатива е од големо значење за земјоделците, бидејќи им обезбедува стабилност и сигурност во нивното производство, што е клучно за развојот на земјоделскиот сектор во земјата.

Тигар лого гиф

Со оваа исплата, се покажува посветеноста кон поддршка на земјоделците и подобрување на условите за работа и живот на земјоделците, како и за зголемување на продуктивноста и квалитетот на домашното производство на млеко.

Продолжуваме да ги следиме и поддржуваме сите активности кои придонесуваат за развој на земјоделството и за подобрување на животниот стандард на земјоделците.

petel baner

Млекари проверете си ги сметките

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img