До 3 хектари и над 3 хектари парцели државни се даваат под концесија.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.
Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.
Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Објавено е на 28.12.2024 значи во наредните 30 дена имате право да аплицирате.
Не чекајте како стално да дојде крајниот рок почнете да ги прибирате документите.
До 3 хектари и над 3 хектари – Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK