домаАгро колумнаMamestra brassicae - познат штетник на зелката

Mamestra brassicae – познат штетник на зелката

Prokredit baner

Mamestra brassicae. Овој вид е познат штетник на зелката.

Пеперутката има распон на крила околу 50мм, предните крила се маслинесто-сиви со јасно изразена светла пруга која при крај на крилото формира шара во облик на буквата W.

Семенарна хоризонтален банер

Гасеницата е сиво-зелена до скоро црна боја. Возрасната гасеница достигнува должина од 40 до 50мм.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Mamestra brassicae има две генерации годишно. Презимува како кукла во почвата. Пеперутките на првата генерација се јавуваат крајот на април и се хранат со нектар. Женките полагаат јајца најчесто на опачината на листовите во групи од 100-200 јајца.

Кај масовната појава јајцата може да се најдат и на други делови на растението. После пилењето на гасениците, гасениците живеат во заедница каде заедно прават кружни дупки на листовите. Се хранат со целокупната лисна маса и можат да направат тотално уништување на растението.

Можат да направат и штети на главицата на зелката, при што прават специфични долги ходници кој се полни со измет од ларвата. Гасениците на летната генерација се развиваат нешто покасно.

Тигар лого гиф

Сузбивање: овој инсект се сузбива со примена на системични инсектициди, најдобро е превентивно за да не дојде до појава на ларва. Во последно време може да се употребат и органски инсектициди.

Зборуваме исто за превентивни мерки, и тоа се органски препарати со активна материја Bacillus thurigiensis subsp. kurstakii. Во концентрација од 1,5 – 2 % превентивно.

Petel.mk

М-р Апостол Чугунцалиев

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img