Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Saturday, March 8, 2025

More
    домаАгро колумнаPieris brassicae L.(голем зелкар)

    Pieris brassicae L.(голем зелкар)

    petel baner

    Pieris brassicae L.(голем зелкар),
    Големиот зелкар е еден од најголемите штетници на зелката.

    Распространета е во цела Европа, Азија, Северна Африка и Северна Америка.

    bum.mk

    Распонот на крилата на женките е околу 60мм, а на мажјаците се нешто помалку. Крилата се со бела боја со црни шари, по кој може да се разликуваат половите. Младите гасеници се со светлозелена боја, а возрасните гасеници се со сивозелена или сивожолта боја а се долги околу 40мм.

    Големиот зелкар има повеќе генерации годишно. Од презимните кукли на пролет, веќе крајот на април месец, се појавуваат пеперутките. Јајцата ги полагаат на раните пролетни зелки. За полагање на јајцата најчесто бираат заклонети места од ветерот, каде и бројот на генерации е најголем.

    Јајцата се наоѓаат во групи од 30-40 на опачината на листот. Тие се со карактеристичен облик со издолжени ребра. Една женка може да положи околу 600 јајца.
    Ембрионалниот развој трае 8-15 дена. Испилените гасеници во почетокот се слабо подвижни и остануваат заедно. Подоцна се движат по целото растение.

    Ги скелетираат листовите, при што остануваат само главните нерви.
    Возрасните гасеници се претвараат во кукла на разни места вклучувајки ги стеблата, дрвјата, и ѕидовите во близина на самата популација.

    До масовна популација на големиот зелкар доаѓа кога летата се суви. Покрај наведениот штетник на зелката напаѓа и малиот зелкар(Pieris rapae L.).

    Разликата е во тоа што пеперутката е со помали димензии, има две генераци годишно, и карактеристично е тоа што нивните ларви ги напаѓаат само главиците на зелката.

    За сузбивање на овој штетник потребно е да се користат системични инсектициди, но правени се испитувања и со употреба на органски инсектициди со активна материја Bacillus thurigiensis subsp. kurstakii.

    agrounik

    Со почит,
    М-р Апостол Чугунцалиев
    Тел. 075710731

    Уште еден прекрасен совет од М-р Апостол Чугунцалиев ве охрабруваме доколку имате некое прашање или ви е потребен совет слобдно можете да го контактирате М-р Апостол Чугунцалиев и да ви помогне со своето знаење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поздрав добри луѓе а на М-р Апостол Чугунцалиев му благодариме што несебично помага и го споделува своето знаење со сите Земјоделци.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img