Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

7.8 C
Skopje
Friday, January 30, 2026

More
    домаАгро ВестиЛозари и сточари проверете си ги сметките

    Лозари и сточари проверете си ги сметките

    Prokredit baner

    Лозари и сточари проверете си ги сметките – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  изврши исплата по основ на четири подмерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и тоа:

    – Подмерка 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржувана површина со постоечки овошни насади.

    bum.mk

    За оваа намена се исплатени  19.679.962,00  денари кон 1.198 корисници.

    – Подмерка 1.11 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржувана површина со постоечки лозови насади.

    Исплатени се  12.916.898,00  денари кон 181 корисници.

    – Подмерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда,ги имаат  обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ги чувале најмалку до 30 ноември 2024 година.

    Исплатени се  27.829.600,00 денари кон 406 корисници.

    Тигар лого гиф

    – Подмерка 2.8 Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат овци, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и истите ги чувале најмалку до 30 ноември 2024 година.

    Исплатени се  20.013.600,00  денари кон 173 корисници.

    Petel.mk

    Лозари и сточари проверете си ги сметките

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img