Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

19.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

More
    домаАгро колумнаПепелница на лозата

    Пепелница на лозата

    petel baner

    Uncinula necator-Пепелница на лозата, се смета дека потекнува од Јапонија, а оттаму е пренесена во Америка.

    Во Европа прв пат е забележана во 1845 год.

    bum.mk

    Пепелницата ги напаѓа сите зелени делови од лозата како: лисјата, ластарите, гроздинката и грозјето.

    Таа е особено деструктивна за грозјето кај кое причинува пукање на зрната, што покасно условува да се појави сивото гниење-Botrytis cinerea.

    По лисјата се забележуваат поединечни зарази со присуство на беличеста мицелија, мицелија која се приметува на лицето од лисјата.

    Лисјата можат да бидат заразени во текот на цела вегетација. Зелените ластари можат да бидат заразени од почетокот на нивната појава, при што ластарите се послабо развиени, со кратки интернодии и ситни листови и целите се прикриени со беличаста мицелија, со конидиофори и конидии од габата.

    Зрната можат да бидат заразени од нивното заметнување до почетокот на нивното зреење. таквите зрна честопати изумираат и опаѓаат.

    Во фаза на интензивен пораст на зрната, зрно со големина на зрно од грашок, пепелницата пречинува најголеми штети, бидејќи нападнатата покожица т.е. епидермисот пука и при овој случај можат да се гледат семките во зрната.

    Зрелите зрна не може да бидат заразени. Габата Uncinula necator, во наши услови презимува најчесто во вид на хифи, односно мицелија, помеѓу луспите од папките.

    Габата се развива при температура од 6-32°C, но најинтензивно при 20-25°C. Инфекциите се остваруваат најмасовно при температура од 20-27°C.

    При температура над 40°C, конидиите изумираат. Затоа пепелницата се развива со посилен интензитет при температура над 25-30°C. Во однос на влагата габата се развива во широк интервал од 40-100% влага во воздухот.

    Интензивното одгледување на лозата и прекумерното ѓубрење со азотни ѓубрива ја зголемуваат опасноста од пепелницата.

    Масовно образување на конидии се случува при топло и влажно време, после дожд, после обработка на почвата, кога поради испарување на влагата од почвата се создаваат идеални услови за развој на пепелницата.

    Препорака, да се употребуваат системични фунгициди за пепелница заедно со Сулфур.

    Пепелница на лозата – Агро колумна на  М-р Апостол Чугунцалиев

    Уште еден прекрасен совет од М-р Апостол Чугунцалиев ве охрабруваме доколку имате некое прашање или ви е потребен совет слобдно можете да го контактирате М-р Апостол Чугунцалиев и да ви помогне со своето знаење.

    agrounik

    Поздрав добри луѓе а на М-р Апостол Чугунцалиев му благодариме што несебично помага и го споделува своето знаење со сите Земјоделци.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    Со почит,

    М-р Апостол Чугунцалиев

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img