домаАгро ВестиПотврдени случаи на сипаници кај овци и кози во Липково – мерките...

Потврдени случаи на сипаници кај овци и кози во Липково – мерките се во сила, извозот на јагнешко месо продолжува непречено

Prokredit baner

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека по лабораториски потврдените случаи на сипаници кај овци и кози во општина Липково, веднаш се активирани сите пропишани мерки согласно националната и европската регулатива со цел контрола и спречување на ширење на болеста.

Како институција надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, АХВ постапи веднаш по добивањето на позитивниот резултат на 27.01.2026 година, при што случајот е официјално пријавен во европскиот систем ADIS (Animal Disease Information System) и во системот WAHIS на Светската организација за здравје на животните (WOAH).

Семенарна хоризонтален банер

Активирани заштитни и надзорни зони

Со цел ефикасна контрола на состојбата, воспоставени се:

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
  • Заштитна зона од 3 километри
  • Зона под надзор од 10 километри околу засегнатите одгледувалишта во село Лопате

Во овие зони се спроведуваат сите законски мерки за биосигурност, ограничување на движење и контрола на здравствената состојба на животните. Дополнително, на 30.01.2026 и 02.02.2026 година се потврдени уште две одгледувалишта со присуство на болеста, при што сите заболени животни се нештетно уништени и безбедно отстранети согласно ветеринарно-здравствените протоколи.

Рестрикции за движење, забрана за пазари и јавни настани

Како превентивна мерка:

  • Забранета е работата на сите добиточни пазари за приемчиви животни на целата територија на државата.
  • Забрането е организирање изложби, саеми и спортски настани со приемчиви животни.
  • Исклучок е транспорт на животни директно кон одобрен објект – кланица.

Овие мерки се временски ограничени и имаат за цел да спречат понатамошно ширење на болеста.

Извозот на јагнешко месо не е доведен во прашање

И покрај воведените рестрикции за живи животни, извозот на јагнешко месо и производи од месо продолжува непречено, вклучително и кон Европската Унија и земјите од регионот.

Во моментов, официјална забрана за увоз и транзит на живи овци и кози од Македонија има воведено само Албанија, и тоа исклучиво за живи животни и одредени суровини (кожи, волна, герминативен материјал). Забраната не се однесува на производи од животинско потекло.

Важно е да се нагласи дека АХВ не ја одредува цената на јагнешкото месо, туку е надлежна за издавање ветеринарно-здравствени сертификати со кои се потврдува здравствениот статус на животните и се олеснува извозот.

Млеко и млечни производи – што е дозволено?

Во зоната под надзор (10 км):

  • Суровото млеко може да се пушти во промет исклучиво по термички третман (пастеризација на 72°C во траење од 15 минути) во одгледувалиште или во одобрен објект.

Надвор од рестриктивните зони:

  • Суровото млеко и млечните производи може да се користат без ограничувања.

Инкубациониот период е 21 ден

Согласно стандардите на WOAH и европската легислатива, инкубациониот период на болеста изнесува 21 ден од моментот на контакт со заразено животно. Оттука, неточни се шпекулациите дека вистинската состојба може да се утврди дури по 42 дена.

Регионален контекст

Сипаниците кај овци и кози моментално се присутни и во регионот:

Тигар лого гиф
  • Грција – 1532 жаришта
  • Бугарија – 129 жаришта
  • Србија – 3 жаришта

Во тој контекст, навременото реагирање и строгата примена на мерките се од клучно значење за заштита на домашното сточарство.

Професионален ангажман на ветеринарната служба

Докторите по ветеринарна медицина активно и професионално постапуваат на терен, спроведувајќи ги сите мерки согласно решенијата на надлежните органи. Паралелно, институциите работат и на подмирување на финансиските обврски кон ветеринарните друштва со цел непречено функционирање на системот за здравствена заштита на животните.

Petel.mk

Ситуацијата е под контрола, а институциите продолжуваат со засилен мониторинг и примена на биосигурносни мерки. Одговорното однесување на сточарите и доследната примена на препораките остануваат клучни за успешно справување со болеста.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img