домаОд соседитеЗемјоделците во Србија на протест: Над 100 трактори и трајни блокади во...

Земјоделците во Србија на протест: Над 100 трактори и трајни блокади во централна Србија

Prokredit baner

Земјоделците во Србија на протест – Над 100 трактори на протест во централна Србија: Земјоделците најавија трајни блокади

Српските фармери бараат заштитни такси за увоз, стабилни откупни цени и итна средба со Владата – протестите може да се радикализираат

Над 100 трактори вчера се собраа на најголемиот протест на земјоделците во централна Србија, каде земјоделци и фармери организираа блокади на сообраќајот поради, како што велат, драматично влошената состојба во домашното земјоделско производство, особено во млекарството.

Семенарна хоризонтален банер

Протестот првично беше најавен да трае од 13:00 до 15:00 часот, но откако не добиле повик за разговор од Владата на Србија, земјоделците донеле одлука блокадата да биде трајна и да продолжи сè додека не биде закажана официјална средба со надлежните институции.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Блокади во Мрчајевци и Книќ, истурено млеко во знак на револт

Блокади се одржаа во Мрчајевци и Книќ, каде земјоделците со трактори го запреле сообраќајот на два часа. Во Книќ, во знак на протест против состојбата во млекарството, биле истурени стотици литри млеко пред фирма која, според земјоделците, е еден од поголемите увозници.

Фармерите порачаа дека домашното млеко завршува во канали, додека увозните млечни производи, како што тврдат, имаат предност на пазарот.

Барања: заштитни такси, стабилни цени и државна интервенција

Претставници на здруженијата „Шумадија и Поморавље“, „Шајкача“ и Здружението на одгледувачи на говеда од централна Србија велат дека состојбата е полоша од кога било и дека производителите се соочуваат со сериозни загуби.

Тигар лого гиф

Меѓу главните барања се:

  • Воведување прелевмани (заштитни такси) со цел намалување на прекумерниот увоз на млеко и млечни производи
  • Запирање на падот на откупната цена, бидејќи дел од млекарниците плаќаат под 20 динари по литар, а некои целосно го прекинале откупот
  • Итна државна интервенција, бидејќи, според млекопроизводителите, кризата е „десет пати полоша од 2023 година“

Најавена радикализација на протестите

Земјоделците најавуваат дека ова е само почеток и дека доколку не добијат повик за итен разговор со претставници на власта, ќе договорат уште поостри мерки во наредните денови.

Petel.mk

Дополнително, тие посочуваат дека и цените на свињите бележат значителен пад, а како една од причините го наведуваат влијанието на увозничките структури на пазарот.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img