домаАгро ВестиЛегнаа субвенции за овоштарите

Легнаа субвенции за овоштарите

Pneumatik baner

Легнаа субвенции за овоштарите: исплатени 338.468.141 денари за 9.567 корисници

На сметките на овоштарите се изврши исплата на субвенции во вкупен износ од 338.468.141 денари, наменети за 9.567 корисници, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исплатата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, која е наменета за поддршка на земјоделците што одгледуваат овошни насади и работат на нивно редовно одржување.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Со оваа исплата, овоштарите добиваат финансиска поддршка која треба да помогне во покривање на дел од трошоците за тековното производство, како што се заштитни средства, прихрана, наводнување и други агротехнички мерки, особено во период кога производствените трошоци се зголемени.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Овоштарството е една од поважните гранки во македонското земјоделство, со значително учество и во извозот. Редовната и навремена исплата на субвенциите е од особено значење за одржување на ликвидноста на земјоделските стопанства и планирање на следната производствена сезона.

petel baner

Земјоделците кои имаат прашања во врска со исплатата можат да извршат проверка преку електронските системи на Платежната агенција или да се обратат во подрачните единици за дополнителни информации.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img