Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е реализирана нова исплата на субвенции во вредност од над 280 милиони денари, наменети за илјадници земјоделци низ државата.
Средствата се распределени на повеќе од 4.700 корисници, како дел од програмите за финансиска поддршка во земјоделството, со цел зајакнување на домашното производство и подобрување на ликвидноста на фармерите.
Најголемиот дел од исплатата, односно 269.947.935 денари, се однесува на Мерката 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Овие средства се исплатени на 4.545 корисници, согласно Програмата за финансиска поддршка за 2025 година.
Дополнително, во рамки на Мерката 2.6, која се однесува на подмерката 2.5 за одгледани или заклани грла говеда во регистрирани кланици, исплатени се 3.746.560 денари на 167 корисници, согласно Програмата за 2024 година.
Исплата е реализирана и за секторот живинарство. Преку Мерката 2.16, од Програмата за 2024 година, се префрлени 7.968.320 денари за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња, како и женски пилиња од јајценосни хибриди.
Од Министерството потенцираат дека поддршката за земјоделците ќе продолжи и во наредниот период, со фокус на стабилен развој, зголемено производство и поголема конкурентност на домашниот аграр.
„Поддршката на земјоделците продолжува – заедно работиме на стабилен и одржлив развој на македонското земјоделство“, соопштија од МЗШВ.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

















