домаАгро ВестиДиректорот на Инспекторатот за земјоделство фатен со 50.000 евра поткуп, одреден му...

Директорот на Инспекторатот за земјоделство фатен со 50.000 евра поткуп, одреден му е притвор

Prokredit baner

Директорот Васе Анакиев фатен со 50.000 евра – барал 100.000 евра за „решавање на проблемот“

Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, кој е осомничен за примање поткуп. Според информациите од истрагата, тој бил фатен со првата рата од 50.000 евра, дел од вкупно побарани 100.000 евра од фирма која се соочила со проблеми при увоз на стока.

Семенарна хоризонтален банер

Според Министерството за внатрешни работи, Анакиев, како службено лице и директор на институцијата, индиректно преку шпедитер побарал поткуп од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз. За возврат, требало да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да овозможи непречен увоз на стока која претходно била блокирана.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Од МВР информираат дека на оштетеното лице му било посочено оти стоката не може да влезе во земјата бидејќи наводно не била во согласност со важечките законски прописи и дека за тоа веќе бил составен записник од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. За проблемот да биде „решен“, биле побарани 100.000 евра, кои требало да бидат исплатени во три наврати: прво 50.000 евра, а потоа уште двапати по 25.000 евра.

Обвинителството наведува дека директорот вршел административен притисок врз фирмата увозник, барајќи од службениците да не одобруваат увоз на стока која претходно редовно влегувала во земјата. Пратката со денови била задржана на граница, со што бил создаден сериозен финансиски притисок врз фирмата. Кога сопственикот побарал објаснување за настанатата состојба, според истрагата, му бил побаран поткуп за да се „реши проблемот“.

Судот го прифатил предлогот на Обвинителството за определување притвор по сите три основи: опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото. Истрагата ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Васе Анакиев е познат како долгогодишен функционер и потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија, која е дел од владејачката коалиција. Тој е инженер агроном и магистер по економски науки. Во својата кариера работел во Министерството за земјоделство, бил претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, а во еден мандат ја извршувал и функцијата претседател на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

Тигар лого гиф

По објавувањето на случајот, од Социјалистичката партија повикаа институциите да постапуваат согласно закон, но воедно реагираа и на, како што наведоа, „партиската стигматизација“ и објавувањето фотографии од апсењето. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја поздравија акцијата, оценувајќи дека тоа е доказ оти „законот важи за сите“.

Ова е втор сериозен случај на сомнеж за поткуп во агросекторот во последниве месеци. Во ноември 2025 година беше приведен и директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, кој беше осомничен дека се согласил на поткуп од 50.000 евра за да овозможи користење на ИПАРД средства.

Petel.mk

Случајот со Анакиев повторно ја отвора темата за корупцијата во институциите поврзани со земјоделството и за начинот на кој административните процедури можат да бидат злоупотребени за лична корист. Јавноста сега очекува целосно расчистување на случајот и одговор на прашањето дали станува збор за изолиран инцидент или за поширок проблем во системот.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img