Пролетните луковици претставуваат ефикасно и практично решение за да внесете боја и свежина во секој двор или балкон. Ги садите денес и за кратко време добивате вистинска експлозија од бои.
Лесни се за одгледување и идеални за сите што сакаат убав, уреден простор без премногу грижа.
Меѓу највечатливите се далиите (георгини) и бегонии – две различни, но подеднакво декоративни ѕвезди на сезоната.
🌸 Далија (Георгина)

Познати по своите крупни и впечатливи цветови, далиите носаст силен визуелен ефект во секоја градина. Цветаат долго, во текот на цело лето и тоа ги прави одличен извор за постојана боја.
Некои далии се со импресивни цветови кои достигнуваат дијаметар од 20–25 сантиметри, идеални за создавање фокусни точки во градината како и далии со мали, компактни цветови кои се одличен избор за пополнување на цветните леи.
🌺 Бегонја

Совршени за сенка, бегониите се идеални за северни тераси и дворови со помалку сонце.
Додека другите растенија „бараат“ светлина, тие таму блескаат со богати и нежни цветови.
Бегониите се достапни во многубројни сорти како што се дуплите бегонии, фимбриата и висечките сорти („кавалер и дама“), а за успешен раст бараат позиција во длабока сенка или на северна страна, бидејќи не ја поднесуваат директната изложеност на силно сонце.
Зошто да изберете пролетни луковици?
• Брз и сигурен резултат
• Богат избор на бои и форми
• Лесни за одгледување, погодни за почетници
• Одлични и за градина и за саксии
Ако размислувате како да внесете повеќе боја и живот во вашиот простор оваа сезона, вреди да се разгледа понудата на пролетни луковици на Семенарна СК – можеби токму таму ќе ја најдете следната инспирација за вашето цветно катче.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

















