домаАгро советиБолести и штетници кај пиперката — Органски водич 2026

Болести и штетници кај пиперката — Органски водич 2026

Pneumatik baner

Секој земјоделец го знае тоа чувство — наутро излегуваш во бавчата и наоѓаш пожолтени листови, темни дамки или изvenati пиперки без видлива причина. Добрата вест е дека со правилно познавање на симптомите, повеќето проблеми можат да се спречат — и тоа без употреба на хемиски средства.
Содржина на текстот
  1. Најважни габични болести кај пиперката
  2. Бактериски болести — симптоми и заштита
  3. Вирусни болести — 6 видови
  4. Главни штетници и биолошка борба
  5. Брза референтна табела
  6. 7 правила за превенција без хемија
  7. Дозволени органски средства за заштита
  8. Најчести прашања

Најважни габични болести кај пиперката

Габичните болести кај пиперката се меѓу најчестите и најштетните. Предизвикуваат венење, гниење и пропаѓање на целото растение. Навремено препознавање на симптомите е клучно за ограничување на штетата.

Тигар лого гиф

Пламеница — Phytophthora capsici

Phytophthora capsici — присутна во Македонија повеќе од 25 години

Пламеницата е економски најопасната болест кај пиперката. При нејзина појава, возможно е приносот да биде целосно уништен. Габата е присутна во нашата земја со децении и предизвикува огромни штети со ненадејна pojava и брзо ширење.

Болеста се развива по приземниот дел на стеблото и кореновиот врат. Растенијата пропаѓаат и мал број можат да се опоравуваат. Почеста е кај пиперка во заштитен простор, но се јавува и на отворено.

Симптоми

Темно-кафеаво до црно гниење на основата на стеблото. Растенијата ненадејно венат и пропаѓаат. По подземниот дел и на листовите се забележува сивобела мицелија.

Органска заштита

Бакарни соединенија до 6 kg Cu/ha годишно. Третирање при pojava на првите симптоми во основата на стеблото. Директно третирање на растенијата за да се спречи инфекцијата на листот.

Важно: Не наводнувај со поплавување — влажната почва е идеална средина за развој на Phytophthora. Задолжително користи наводнување капка по капка.

Фузариозно венење — Fusarium oxysporum

Fusarium oxysporum — предизвикувач на венење кај сите Solanaceae

Оваа филаментозна габа широко е распространета во почвата. Навлегува преку коренот и се шири низ спроводните садови, зачепувајќи ги. Последица е венење поради недостаток на вода, кое прво се манифестира кај младите листови, а брзо се шири низ целото растение.

Пиперките типично колабираат брзо и изумираат. Растенијата најчесто пропаѓаат пред репродукционите фази, предизвикувајќи значителни загуби во производството.

Симптоми

Пожолтување на листовите. На пресекот на стеблото на заболено растение се забележуваат темно-кафеави до црни линии кои се провлекуваат во сите правци.

Органска заштита

Плодоред со кое било растение — минимум 4 години. Отстранување и палење на заразени растенија. Никогаш не ги закопувај заразените растенија во почвата.

Вертицилиозно венење — Verticillium dahliae

Verticillium dahliae — симптоми слични на Fusarium, но со специфики

Габата покажува многу слични симптоми со фузариозното венење. Постои еден карактеристичен знак: заразените растенија привремено се опоравуваат ноќе кога температурата е пониска, а во текот на следниот ден пак се jaвува венењето. Заразените корени надворешно не покажуваат никаква промена.

Симптоми

Пожолтени листови расфрлани по парцелата. Темно-кафеави пруги на пресекот на стеблото кои се шират од коренот кон гранките. Периодично венење — разлика помеѓу утринските и попладневните часови.

Органска заштита

Плодоред со нечувствителни култури (Gramineae — житарки и треви). Отстранување на заразени растенија. Употреба на толерантни и отпорни сорти.


Бактериски болести кај пиперката

Бактериските болести кај пиперката се шират брзо во влажни и топли услови. Основна мерка за превенција е употребата на сертифицирано семе и редовно одржување на хигиена во бавчата.

Семенарна хоризонтален банер

Бактериска дамкавост — Xanthomonas campestris pv. vesicatoria

Xanthomonas campestris pv. vesicatoria — најраспространет бактериски патоген

Овој патоген претставува еден од најраспространетите и економски најштетните бактерии при одгледување на пиперка и домат во полски услови. Влажното и топло време е погодно за развој. Честите дождови во јуни и јули имаат особено значење за разнесувањето на овој паразит.

Бактеријата навлегува во растенијата преку стомите и повредите. Се одржува во семето, заболените растителни остатоци и плевелите.

Симптоми

Ситни мрсни, темнозелени дамки по листовите — подоцна некротични со хлоротичен руб. Дамките се прошируваат, спојуваат и предизвикуваат опаѓање на листовите. Во тешки случаи растенијата остануваат целосно без листови.

Совет: Бактеријата презимува во семето и плевелите. Секогаш користи сертифицирано семе и редовно чисти плевели особено пред сезоната!

Бактериска дамкавост — Pseudomonas syringae pv. syringae

Pseudomonas syringae pv. syringae — болест главно на расадот

Ова бактериско заболување се јавува кај расадот, најчесто во периодот од 20 април до 10 мај. Се шири брзо поради микроклиматските услови внатре во пластеникот или оранжеријата. Кај расадените растенија на отворено поле — ретко се среќава.

Симптоми

Мрсни, темнозелени, неправилни дамки по котиледонските ливчиња и по првите вистински листови. Брзо се шират од лист на лист и од растение на растение.

Влажно гниење на плодовите — Erwinia carotovora

Erwinia carotovora — паразит на рани, активен во август и септември

Оваа бактерија влегува во растителното ткиво исклучиво преку повреди — настанати од агротехника, транспорт, инсекти, дожд или град. Застапеноста на ова заболување е најизразена во август и септември, а интензитетот зависи директно од степенот на оштетување на плодовите.

Симптоми

Поголеми или помали дамки со влажна површина по плодовите. Ткивото се размекнува и преминува во влажно гниење кое брзо го зафаќа целиот плод.

Органска заштита

Внимателно ракување при берба — никакви механички оштетувања. Бери во раните утрински часови. Собраното производство не оставај на директна сончева светлина.


Вирусни болести кај пиперката

Вирусите се меѓу најтешките за сузбивање — нема директен лек. Сета стратегија се заснова на превенција и контрола на преносителите. Заразените растенија мора веднаш да се отстранат и спалат — никогаш да не се закопуваат.

petel baner
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Шест вируси кај пиперката — симптоми и преносители

  • CMV — Вирус на мозаикот на краставицата. Хлоротичен мозаик, жолти пеги, деформирани плодови. Пренесуваат: лисни вошки.
  • PVY — Вирус на мозаикот на компирот Y. Прошарување и некроза на листови, опаѓање. Може да предизвика до 100% загуба на принос. Пренесуваат: лисни вошки.
  • TMV — Вирус на мозаикот на тутунот. Ишарување во темно-зелена боја, целосно закржлавување на растението. Се пренесува со нечисти раце и алат — не со инсекти.
  • TSWV — Вирус на бронзената некроза на доматот. Пожолтување и изумирање на лисното ткиво по должината на нервите. Изумирање на растенијата може да се pojavi само неколку дена по prvите симптоми. Пренесуваат: трипси.
  • AAMV — Вирус на мозаикот на луцерката. Може да го намали приносот до 65%. Бели и жолтеникави дамки по листовите. Пренесуваат: лисни вошки.
  • PVX — Вирус на мозаикот на компирот X. Хлоротични мозаични дамки, некротични лезии. Се шири со механички контакт — не со инсекти и не со семе.
Важно за TMV и PVX: Мијте раце пред и за време на работа во бавчата. Вирусите се пренесуваат со нечисти раце и нехигиенски алат за одгледување.

Главни штетници кај пиперката

За разлика од болестите, штетниците можат да се видат и мониторираат. Клучот е раното откривање — уште при прагот на штетност, пред да се формираат колонии. Во органското производство, биолошката борба е основниот алат.

Лисни вошки — Myzus persicae, Macrosiphum euphorbiae, Aphis gossypii

Три вида — сите значајни, особено Myzus persicae

Лисните вошки не се само директен штетник — тие се вектори на над 100 вируси. Само Myzus persicae пренесува околу 100 различни видови вируси. Се jавуваат уште во април на плевелната вегетација, а масовен напад почнува почетокот на август. Колониите се формираат на опачината на младите листови.

Биолошка борба
  • Chrysoperla carnea — 10-30 ларви/m²
  • Aphidius colemani — 4-8 единки/m², пуштај 4-6 пати во неделни интервали
  • Harmonia axyridis — 20-30 ларви на заразеното место

Трипси — Thrips tabaci, Frankliniella occidentalis

Инсекти до 1mm — тешко видливи, но значајни преносители на вируси

Трипсите се вектори на повеќе вируси кои паразитираат на пиперката, особено TSWV. Не се добри летачи, но со ветер се пренесуваат на големи далечини. Им нанесуваат сериозни штети на растенијата предизвикувајќи дисколорација и деформација на листовите и плодовите.

Симптоми

Сребренести пеги на листовите. Деформирани плодови. Видливи штети по листовите.

Биолошка борба

Orius laevigatus — 1-2 предатори/m², пуштај неколку пати. Поставувај сини или жолти лепливи ленти за мониторинг на секои 50 m².

Белокрилка — Trialeurodes vaporariorum

Оранжериска белокрилка — регистрирана во сите производни региони

Белокрилката природно живее во надворешни услови, а мигрира во заштитени простори каде наоѓа поповолни услови за развој. Честа е и во отворено производство на пиперка.

Биолошка борба

Eretmocerus mundus — 8-16 кукли/m², минимум 4 ослободувања во неделни интервали.

Копривин пајак — Tetranychus urticae

Двоточкасто пајаче — портокалово-црвена боја, до 0,5mm

Скоро невидлив со голо oko, но катастрофален по ефект. Под оптимални услови еден животен циклус го завршува за само 5-25 дена. Женката живее 2-4 недели и за тоа време полага неколку илјади јајца. Паразитира на околу 200 различни растителни видови.

Симптоми

Црвени до темни пеги по листовите и стеблата. Листот пожолтува како последица на нападнатиот мезофил.

Биолошка борба

Phytoseiulus persimilis — 8-12 предатори/m², последователно пуштање. Третирај исклучиво во жариштата.

Пченкин пламенец — Ostrinia nubilialis

Ostrinia nubilialis — честа pojava на сите површини со пиперка

Штетникот презимува на површините заразени со него. По пролетното парење, женките ги положуваат јајцата формирајќи кластери до 50 јајца. Поголеми оштетувања нанесува на пиперката на отворено, особено во август и септември.

Органска заштита

Bacillus thuringiensis var. kurstaki. Прва генерација — третирај кога бројот на уловени инсекти се зголемува. Втора генерација — третирај превентивно веднаш по уловувањето на првите инсекти. Поставувај феромонски мамки за следење.


Брза референтна табела — болести и штетници кај пиперката

Користи ја оваа табела кога брзо треба да идентификуваш проблем во бавчата:

ПроблемВидГлавен симптомОпасностОрганска мерка
ПламеницаГабаГниење на стебло при основатаМногу високаБакар, дренажа, капка по капка
Фузариозно венењеГабаПожолтување + црни линии на стеблоВисокаПлодоред 4 години
Вертицилиозно венењеГабаПериодично венење утро/вечерСреднаОтпорни сорти, плодоред
Бактериска дамкавост (Xanthomonas)БактеријаДамки на листови, опаѓањеВисокаСертифицирано семе
Влажно гниење (Erwinia)БактеријаРазмекнати, гнили плодовиСреднаНема механички повреди
CMV, PVY, AAMVВирусМозаик, деформации, жолтењеМногу високаКонтрола на лисни вошки
TMV, PVXВирусИшарување, закржлавувањеМногу високаХигиена на раце и алат
TSWVВирусНекроза по нервите на листотМногу високаКонтрола на трипси
Лисни вошкиШтетникКолонии на опачина на листВисокаChrysoperla, Aphidius
ТрипсиШтетникСребренести пеги на листовиСредна—високаOrius laevigatus
БелокрилкаШтетникБели инсекти под листотСреднаEretmocerus mundus
Копривин пајакШтетникПеги, пожолтување на листСреднаPhytoseiulus persimilis
Пченкин пламенецШтетникОштетени плодовиНиска—среднаBacillus thuringiensis

7 правила за превенција без хемија

Во органското производство, превенцијата е 90% од борбата. Земјоделецот кој ги почитува основните агротехнички мерки ретко ќе се сретне со сериозни проблеми. Еве 7 конкретни правила:

1. Сертифицирано семе

Никогаш не сади незнајно семе. Сертификатот гарантира безвирусен и здрав посадочен материјал.

2. Плодоред

Не сади пиперка на исто место повеќе од 2 години. Избегнувај соседство со компир, патлиџан и домат.

3. Наводнување капка по капка

Наводнувањето со поплавување е забрането. Влажното земјиште е идеален услов за Phytophthora и други габи.

4. Хигиена во бавчата

Отстранувај заразени растенија веднаш. Пали ги — не ги закопувај. Мијте алат и раце по секоја работа.

5. Отпорни сорти

Избирај домашни и локални сорти прилагодени на климата. Тие имаат природна отпорност на болести.

6. Корисни инсекти

Не уништувај меѓи и природни тревници — таму живеат природните непријатели на штетниците.

7. Книга на полето

Бележи секој третман и секоја pojava. Задолжително за органска сертификација и непроценливо за следната сезона.


Дозволени органски средства за заштита на пиперката

Основното правило: Биолошките методи — корисни инсекти и Bacillus thuringiensis — не бараат посебно одобрение. За бакар, сулфур и природни екстракти потребно е одобрение од овластено правно лице согласно Правилникот за органско растително производство.

Бакарни соединенија — фунгицид

Бакарен хидроксид, бакарен окси хлорид, тробазен бакарен сулфат. Максимум 6 kg бакар по хектар годишно. Ефикасен против пламеница и бактериози. Потребно одобрение.

Сулфур — фунгицид и акарицид

Ефикасен против копривен пајак и некои габични болести. Потребно одобрение од овластено правно лице.

Bacillus thuringiensis — биоинсектицид

Бактерија која уништува ларви на совици и пченкин пламенец. Целосно безбедна за луѓе, животни и корисни инсекти. Не бара посебно одобрение за употреба.

Растителни масла — инсектицид

Масло од нане, ким и маслодајна репка. Ефикасни против лисни вошки и акари. Дозволени во органскиот систем на производство.


Најчести прашања за болести и штетници кај пиперката

Зошто ми венат пиперките иако ги наводнувам редовно?
Парадоксално, премногу вода може да предизвика исти симптоми како и малку вода. Ако почвата е превлажна, корените се гушат и не можат да апсорбираат вода. Провери дали имаш добра дренажа. Исто така, фузариозно и вертицилиозно венење предизвикуваат ист симптом — провери го пресекот на стеблото за темни линии.
Можам ли да ги спасам растенијата заразени со вирус?
За жал, не. Не постои лек за вирусни болести кај растенијата. Заразените растенија треба веднаш да се отстранат и спалат — не закопувај ги. Најважно е да ги контролираш преносителите (вошки, трипси) за да ја спречиш понатамошната зараза.
Колку пати годишно треба да прскам со бакар?
Максималната дозволена количина е 6 kg бакар по хектар годишно. Бројот на третмани зависи од концентрацијата на препаратот. Прскај превентивно при влажно и топло време или при првите симптоми. Секогаш консултирај стручно лице за точниот распоред и дозирање.
Дали можам да одгледувам пиперка и домат на иста парцела?
Не е препорачливо. И двете растенија припаѓаат на фамилијата Solanaceae и имаат заеднички болести и штетници. Изворите на инфекција — особено вируси и Phytophthora — лесно поминуваат од едно на друго растение.
Кога е најопасниот период за болести и штетници кај пиперката?
Јули и август се критичниот период. Лисните вошки достигнуваат максимум во август. Пламеницата избувнува по дождовни периоди. Совиците нанесуваат штети во август и септември. Редовно мониторирање на секои 3-4 дена во тој период е клучно за навремена реакција.
Која е разликата помеѓу фузариозно и вертицилиозно венење?
И двете предизвикуваат слични симптоми, но постои еден клучен знак: кај вертицилиозното венење, растенијата привремено се опоравуваат ноќе кога е поладно, а дење пак венат. Кај фузариозното венење, растенијата колабираат брзо и без периодично подобрување.

Имаш прашање за твоите пиперки?

Остави коментар подолу или прати слика на нашата Viber група — заедницата на Zemjodelie.mk е тука да помогне!

Заклучок

Болестите и штетниците кај пиперката се реален предизвик — но не и непобедлив. Клучот е во три чекори: рано препознавање на симптомите, превентивни агротехнички мерки и биолошка борба наместо хемија. Земјоделецот кој редовно го следи своето засадување, користи сертифицирано семе и отпорни сорти, и ги почитува правилата на органското производство — ќе има здрав и богат принос.

Природата ти дава алатки — само треба да знаеш да ги користиш.

болести пиперка штетници пиперка органско производство пламеница пиперка фузариозно венење лисни вошки трипси биолошка борба органска заштита агро совети пиперка бавча земјоделство Македонија
tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img