Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиНова сорта пченица отпорна на суша ќе се сее во Мароко

    Нова сорта пченица отпорна на суша ќе се сее во Мароко

    petel baner

    Во Мароко официјално е пуштена за одгледување нова сорта тврда (дурум) пченица отпорна на суша наречена Џабал (Jabal), што на арапски значи планина.

    Оваа пченица е создадена по неколку децении истражување во кое се вклучени земјоделци и научници од банката за гени во Меѓународниот центар за земјоделски истражувања во суви области ICARDA.

    Добиена е со вкрстување на култивирана и дива пченица

    Создадена е со вкрстување на култивирана тврда пченица со Aegilops speltoides, позната како козја трева. Сродна со пченицата што научниците ја собрале во суровите, суви висорамнини на Сирија. Избрана е при истражување во консултација со земјоделците. Бидејќи се издвојувала по отпорноста на суша, која е главната причина за стрес во областите каде што се одгледува. Дурум пченица се одгледува за производство на тестенини. Но во овој дел од светот е незаменлива во исхраната на луѓето, бидејќи се користи за подготовка на кускус и булгур. Тие се основата на исхраната во Северна Африка и Блискиот Исток.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    За разлика од другите сорти што се одгледуваат во регионот, гените добиени од дивите видови и овозможиле на Џабал пченицата да напредува. И покрај некои од најлошите суши што ги доживеале земјоделците. Првпат беше оценета како дел од проектот Crop Wild Relatives CWR. Официјално е регистрирана за одгледување од страна на мароканското Министерство за земјоделство по двегодишната програма за тестирање на неколку локации. Комерцијалното семе се очекува да биде во рацете на производителите во следните три години.

    Соработка меѓу земјоделците и научниците

    Ова истражување е дел од проектот кој користи разновидност на културите за развој на отпорни сорти. Не само на тврда пченица, туку и на јачмен, луцерка, просо, ориз, компир и трева, кои можат да ги издржат ефектите од климатските промени.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Клучен дел од овој проект е вклученоста на земјоделците“, рече Филипо Баси, менаџер на проектот. Тој посочува дека нивното знаење и способност да ги идентификуваат најдобрите особини во секоја сорта е од големо значење. Врз основа на ова, можно е да се создадат оние кои се вклопуваат во нивниот земјоделски систем. И со тоа да се подобри работата, но и животот на одгледувачите.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img