Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиГолемиот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките

    Големиот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките

    petel baner

    На јужната хемисфера во полн ек е жетвата на житарките. Од Австралија доаѓаат вести дека станува збор за рекордни приноси, особено за пченицата.

    Во првата недела од јануари биле ожнеани околу 80 отсто од површините, а се очекува род од околу 42 милиони тони од житарките.

    Сето тоа создава притисок врз ограничената логистика, но и врз цените.

    Otkup na kompiri

    Така, крајот на неделата донесе пад на цените на парискиот MATIF. Цената на пченицата падна за 1,79 евра/т на 291,25 евра/т.

    За пченката изнесуваше 284 евра/т, додека за маслодајната репка стигна до 569 евра т.

    Извештајот на USDA за прогнозата на житарките го поддржа зголемувањето на цените, но имаше доволно информации за да ја поткопа силата на тие проценки. На американската берза CBoT анализите покажале слаб раст и достигнале 251,49 евра/тон за пченицата. Кај пченката цената е зголемена за 2,48 отсто и изнесува 243,43 евра/т.

    Причината за тоа е пониската проценка на реколтата и зголемениот увоз од Бразил и Украина. За тон соја требало да се издвојат 517,88 евра. Најголем пораст има цената на овесот, која е зголемена за 3,44 отсто и изнесува 229,35 евра/т.

    Залихите на пченица во САД се проценети на помалку од очекуваното, односно на 34,8 милиони тони. Но, земјоделците посеале повеќе зимска пченица, 14,95 милиони хектари, што е 1,5 милиони хектари повеќе од претходната сезона.

    Проценките за жетвата во Русија зборуваат за количина која надминува 100 милиони тони. Прогнозите за Европската Унија и Украина исто така се зголемени, додека за Аргентина се намалени на 12,5 милиони тони, која беше погодена од сушата.

    agrounik
    Глобалната проценка на залихите за сезоната 2022/2023 е 268,4 милиони тони, што е за 1,1 милион тони повеќе од претходните проценки.

    Во Австралија се појавиле логистички проблеми поради обилниот род на пченицата. Со посилно инвестирање сакаат да овозможат поголем извозен потенцијал, кој достигна 26 милиони тони во маркетиншката 2021/22 година од вкупно ожнеани 50 милиони тони.

    И во Бразил имаат проблеми со голем род, но на соја. Бразил е најголемиот светски извозник на соја. На домашниот пазар годишно обично се трошат од 45 до 50 милиони тони, а речиси се останато се извезува.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Областите под соја достигнаа највисока бројка досега. Засеани се 43,3 милиони хектари. Во декември, локалната земјоделска администрација CONAB ја процени жетвата, која штотуку започна, на 153,47 милиони тони. Ова доведе до пад на цените и намалување на еуфоријата за приносите. Претходно се очекуваше тие да останат високо на светскиот и на домашниот пазар.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img