Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЧај од бозел против кашлица и грип

    Чај од бозел против кашлица и грип

    petel baner

    Клиничките истражувања во Израел покажале дека бозелот не само што го намалува ризикот од настинка и грип, туку ја намалува тежината и го скратува времетраењето на настинката и грипот.

    Истражувачите откриле дека пациентите кои биле болни од грип и кои земале бозел, се опоравиле два пати побрзо, отколку оние болни кои земале таблета. Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати грипот за 4 дена.

    agrounik

    Чајот од бозел се приготвува на следниот начин: еден исушен цвет се попарува со чаша жешка вода. Садот стои покриен 20 -30 минути, се процедува и се пие засладен со мед. По половина чаша три до четири пати дневно, 15 минути пред јадење.

    Otkup na kompiri

    Како чај за потење многу голема ефикасност покажува мешавината од еднакви количества цвет од бозел, липов цвет и лист од нане. Од оваа мешавина се зема една супена лажица. Се залева со две чаши жешка вода, се вари 10 минути, се процедува. Чајот се пие жежок. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поради содржината на слуз, чајот од бозел ја смирува сувата кашлица. Оттаму многу често се среќава во комбинираните билни препарати, кои се користат било како сирупи или таблети против кашлица.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img