Според Агенцијата за заштита на животната средина (EPA), воздухот во затворените простории е типично 2-5 пати позагаден од надворешниот воздух. Како да направите природен освежувач со помош на ориз, прочитајте во продолжение.
Тоа е затоа што внатрешните простори, како што се домовите и канцелариите, дозволуваат загадувачите да се акумулираат и концентрираат.
За природен освежувач ќе ви требаат:
- Стаклена тегла
- Ориз
- Етерично масло по ваш избор
Оризот ќе ги впие сите мириси на етеричното масло, па собата за миг ќе биде миризлива.
Овој целосно природен мирис ќе остане во вашиот дом до неколку месеци и е многу подобар од освежувачите за воздух купени во продавница, кои се полни со хемикалии и содржат канцерогени материи кои можат да влијаат на работата на хормоните.
Можете да изберете било кое миризливо масло, но најефективно во отстранувањето на мирисот е маслото од маточина.
Подготовка
Наполнете ја теглата со ориз.
Додадете 10 до 20 капки од вашето омилено етерично масло.
Покријте, а потоа добро протресете за рамномерно да се распореди маслото низ оризот.
Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента.
Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.
Освежувачот можете да го чувате во одредени простории или пак да го ставите во гардеробер за облека.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK