Наместо закуски купени во продавница полни со масти, шеќер, адитиви и вештачки вкусови, можете да уживате во печена или варена пченка во текот на летото. Освен што е вкусна, печената или варена пченка е имагинативна храна која може да се користи во многу јадења – супи, ориз, тестенини, салати…
Главната компонента на пченката се влакна, кои се неопходни за функционирање на варењето и цревата. Лесно се вари и брзо ќе ве засити. Од витамините, пченката содржи Б1, витамин Б9 и А. Богата е и со важниот минерал калиум кој го регулира крвниот притисок, како и со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација на организмот. Содржи јаглехидрати и мали количини масти.
Која пченка е поздрава за јадење – печена или варена?
Пченката содржи голема количина скроб, кој е сложен јаглехидрат (или полисахарид). Се состои од илјадници молекули на гликоза поврзани заедно. Сложените јаглехидрати во нивната природна состојба имаат тенденција да имаат понизок гликемиски индекс од храната која содржи едноставни јаглехидрати. Така тие имаат помалку сладок вкус.
Ако ја гризете пченката пред да се свари, воопшто нема да вкусите многу сладост. Тоа е затоа што полисахаридите не се разградуваат. Готвената пченка има посладок вкус бидејќи топлината при готвење предизвикала разградување на молекулите на гликозата во полисахаридот. Во студијата спроведена од американскиот универзитет Пурдју, научниците открија дека печењето пченка на високи температури доведува до зголемено количество на скроб. Лаички кажано, колку е повисока температурата на пченката, толку повеќе гликоза ќе се разгради, што ќе резултира со посладок вкус.
Печена пченка
Ако печете пченка, веројатно ќе ја печете на околу 200 до 250 степени. Тоа е доволна топлина за да се разградат повеќе молекули на гликоза без да се изгори пченката. Ова ќе ви даде вкусна слатка пченка која може да се постигне само со печење. Така, според оваа студија, поздраво е да се јаде печена пченка. Исто така, кога готвите или печете пченка, најздраво е да ја јадете без адитиви како масло и путер, бидејќи тоа дополнително ќе ја зголеми калориската вредност.
Варена пченка
Меѓутоа, ако бираме од здравствени причини, експертите за храна посочуваат дека најдобро е пченката да се вари на пареа. Подготовката на пареа зачувува повеќе хранливи материи во споредба со готвењето или печењето, што ви овозможува да ги искористите сите хранливи придобивки од пченката, а сепак да добиете одличен вкус.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK