Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиКина ќе произведува ГМО пченка

    Кина ќе произведува ГМО пченка

    petel baner

    Оваа година, Кина ќе посее помалку од еден процент од површините со генетски модифицирани (ГМО) сорти пченка. За оваа намена Министерството за земјоделство издвоило 267.000 ха.

    Неколку сорти на ГМО пченка ќе се сеат во кинеските провинции Монголија, Џилин, Хебеј и Јунан.

    Кина со децении ги проучувала ГМО прехранбените култури. Но досега не го одобруваше нивното сеење поради противењето на технологијата. Иако дозволуваше увоз на ГМО соја и пченка за добиточна храна и одгледување ГМО памук. Планот за сеидба се уште не е претставен во јавноста, поради што изворите говорат за него под услов да останат анонимни.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Според официјалните податоци, лани во Кина имало 43 милиони хектари под пченка, а приносот бил 277 милиони тони. И покрај спорувањето на технологијата, побарувачка постои. Нелегално посеаната ГМО пченка сочинувала околу 70 отсто од кинеската житница на североисток.

    На странските компании не им е дозволено да ги продаваат овие семиња, дозволено им е само на домашните. Вредностите на акциите на компаниите за семиња паднаа откако забелешките во документот за рурална политика од 2023 година објавен од кинеската влада беа земени како знак за поконтролирано ослободување на ГМО технологијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Претседателот Си Џинпинг ја поддржува употребата на оваа технологија. За која вели дека е „клучна за зајакнување на безбедноста на храната“. Настаните на глобално ниво, како трговските тензии, нестабилното време и воените конфликти, ја зголемија загриженоста. Потребно е да се обезбеди храна за 1,4 милијарди жители.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img