Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Посен намаз од маслинки

    Рецепт: Посен намаз од маслинки

    petel baner

    Маслинките најчесто се служат како прилог или додаток во салата, а сега од нив можете да направите вкусен намаз кој ќе ве воодушеви.

    Потребни ви се само неколку состојки и неколку минути за подготовка, а одлично е за предјадење или појадок.

    Ароматичниот намаз од маслинки намачкајте го на леб, крекери или брускети, измешајте го во сос за тестенини или маринада за месо, а одлично ќе се стопи и со вкусот на печени компири и печена бела риба.

    Otkup na kompiri
    Состојки:

    – 100 грама црни маслинки
    – 70 грама зелени маслинки
    – 1 лажица сок од лимон
    – 3 чешниња лук
    – 60 мл маслиново масло

    Подготовка:

    Маслинките добро измијте ги под млаз ладна вода и исцедете ги. Сите состојки ставете ги во блендер или сецко додека не добиете компактна маса.

    agrounik

    Ставете во стаклен сад и со непрекинато мешање постепено додавајте маслиново масло.

    Послужете со тостиран леб или свежо подготвена лепиња.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Намазот од маслинки можете да го чувате во фрижидер 5-6 дена и да го користите како прилог со печена бела риба и сосови од тестенини.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img