Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаситеТечно злато – Најдобар рецепт за чај од куркума и ѓумбир

    Течно злато – Најдобар рецепт за чај од куркума и ѓумбир

    petel baner

    Течно злато – Најдобар рецепт за чај од куркума и ѓумбир. Овој чај е меѓу најздравите во светот. Куркумата, велат нутриционистите, е функционална храна! Еве како да подготвите пијалок познат и како „течно злато“.

    Куркумата, која се смета за еден од најздравите зачини, е класифицирана во речникот на современите нутриционисти како „функционална храна“ – онаа која ни обезбедува не само нутрициони, туку и лековити ефекти. Со други зборови, токму таа храна која е и лек.

    Otkup na kompiri

    Клучната работа при подготовката на чајот од куркума и ѓумбир е да не ги прескокнувате чекорите за подготовка, па затоа треба да внимавате на нивниот редослед.

    agrounik

    Не го прескокнувајте медот. На овој чај му треба малку сладост, за да го неутрализира вкусот на зачините. Рецептот е наменет за четири шолји, но можете да го намалите внесот доколку го пиете сами попладне.

    Задолжително:

    • 2 шолји вода
    • 1/2 шолји свежа, сечкана куркума
    • 1 лажица сецкан и излупен ѓумбир (свеж)
    • 1 лажица мешунки од кардамон (вид ѓумбир)
    • 2 лажички цело каранфилче
    • 1 стапче цимет
    • 2 кесички чај од портокал
    • 2 лажици мед
    • 2 чаши полномасно млеко
    • мелена куркума (по избор)

    Подготовка:

    Во сад истурете вода, сечканата куркума, ѓумбирот, кардамонот, каранфилчето и циметот и сето тоа доведете го да зоврие на повисока температура. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и варете 5 минути. Потоа, тргнете го од шпорет, додадете две кесички чај и оставете го да отстои 10 минути. Сето тоа процедете го за да ги исфрлите цврстите материи и потоа измешајте го напитокот со мед. Вареното млеко подеднакво поделете го на 4 шолји и во секоја шолја додајте еднаква количина од оваа чајна смеса.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Можете да посипете една лажица мелена куркума врз чајот или да изрендате една кафена лажичка од овој скапоцен зачин. Изборот е ваш.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img