Оваа посна плазма торта е идеален рецепт, лесна е за подготовка бидејќи се подготвува од само четири состојки.
Сите кои постат можат да подготват посна плазма торта и да уживаат во одличната комбинација на плазма и портокал.
Потребни состојки:
- 250 грама посен маргарин
- 200 грама шеќер во прав
- 600 грама мелена плазма
- 200 милилитри сок од портокал
Начин на подготовка:
Изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, а потоа додајте ги плазмата и сокот од портокал и добро измешајте. Тортата можете да ја обликувате по ваш вкус затоа што смесата е густа и можете да направите различни форми. Чувајте ја во фрижидер барем еден час. Тортата можете да ја декорирате по избор со стопено посно чоколадо.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK