Во среда во Кавадарци ќе се реализира Државен тракторски натпревар за средношколци.
Целта на овој натпревар е ученици да се стекнат со практични вештини врз основа на теоретската и практичната наобразба што ја стекнале во текот на школувањето.
Натпреварот е признат од МОН и Центарот за средно стручно образование и обука, а учество ќе земат вкупно околу 130 ученици, 55 професори ментори. Како претседатели на секоја поединечна дисциплина ќе бидат вклучени и универзитетски професори од Штип и од Скопје.
– Во организација на здружението на земјоделски и шумарски училишта на Македонија, Тера-Фитон-Анимал и нашето училиште што постои 67 години, го организираме 51 државен тракторски натпревар. Во натпреварот учество ќе земат 10 земјоделско – ветеринарни и шумарски училишта со нивните професори и ментори. Учениците ќе се натпреваруваат во шест дисциплини. Вешто возење и управување со трактор со категории машки и женски, препознавање на семиња и плевели. Коски и органи кај домашни животни, калемење на овошки, аранжирање на цветни аражмани и органско земјоделско производство, Ефремчо Николов, професор во кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште „Ѓорче Петров”.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK