Маскарпоне e крем сирење направено од кравјо млеко. Може да се користи свежо, како и за подготовка на разни сосови и креми за торти и колачиња.
Маскарпоне е кремасто, слатко, со богат и претставува најважната состојка во популарниот колач тирамису и многу други колачи.
Потребни состојки:
1,5 литри млеко
300 гр кисела павлака
лажичка морска сол
исцеден сок од два лимона
Загрејте го млекото, павлаката и солта на среден оган и често мешајте за да не загори. Не дозволувајте смесата да зоврие, туку само загревајте ја на приближно 90 степени. Треба да биде за околу 15 минути.
Додадете сок од лимон и промешајте полека. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да стои околу пет минути. Комбинацијата на киселина и топлина ќе предизвика коагулација на млекото, така што ќе ги оддели цврстата маса и сурутката.
Ставете густа цедалка и брз неа газа, полека истурете ја мешавината од сурутка. Оставете да отстои 20-тина минути и повремено исцедете ја сурутката.
Смесата треба да биде добро стисната и по можност да биде закачена на нешто, за да може вишокот на течност да излезе од неа. Најдобро е да стои така најмалку 10 часа. Ова домашно маскарпоне може да стои во фрижидер до четири дена.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK