Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

More
    домаАгро советиПравилна нега на тиквици за подобар род

    Правилна нега на тиквици за подобар род

    petel baner

    Тиквичките се одлични за консумирање во текот на летните денови. Може да се приготвуваат на различни начини пржени, печени, полнети, за различни салати…

    Тиквичките се толку плодни што ако правилно ги негувате со само два корена, можете да ги задоволите потребите на едно четиричлено семејство.

    Кога одгледувате тиквички во градината, често може да наидете на некои препреки или знаци кои ви ги даваат растенијата, но вие не можете да ги препознаете.

    Otkup na kompiri

    За да се одгледуваат вкусни и квалитетни тиквички, најважно е да се избере добр место, а потоа следи негата на насадот и воочување на проблемите, а потоа и бербата.

    Избор на место

    За да одгледувате тиквички треба да најдете место каде што има многу сонце. Исто така, почвата мора да биде плодна и влажна, но со способност брзо да се исуши. Ако почвата е премногу песоклива или премногу сува, нанесете слој компост пред да сеете тиквички за да го подобрите задржувањето на влагата.

    Листовите на тиквичките може да се оштетат и искинат кога се изложени на силен ветер, па затоа е важно да им се обезбеди локација каде што ќе бидат заштитени од ветер. Локацијата треба да има близок извор на вода за да се олесни наводнувањето на растението.

    agrounik
    Нега на тиквичките

    На тиквичките им е потребно редовно наводнување за да се одржи почвата рамномерно влажна. Потребна им е голема количина вода за да не овенат. Дури и ако мислите дека земјата е веќе влажна од дождот, треба дополнително да ги полевате. За да бидете сигурни дека на растенијата навистина им е потребна вода. Почекајте да зајде сонцето и потоа видете дали лисјата оживуваат.

    Ако забележите дека листовите не се опоравуваат, треба полека да додавате вода во зоната на коренот. Користете слама или сено за поставување околу растенијата за да спречите испарување на водата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Потхранете ги растенијата кога лисјата ќе станат бледи. За секое растение, додадете по една лопата компост во ѓубривото со ниска содржина на азот. Од друга страна, ѓубривата со висока содржина на азот го намалуваат приносот. Исто така, редовното берење овозможува и производство на нови плодови.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img