Освен што се многу вкусни, тиквичките се здрави и богати со витамините Б и Ц, како и калиум.
Тиквичките може да се подготват на многу начини, но од нив може да се направи и многу вкусен леб, што може да биде одлична замена за обичниот леб.
Ова е рецепт за брза подготовка леб со тиквички.
Потребни состојки:
2 поголеми тиквички
2 јајца
350 гр. брашно
150 гр. масло
150 гр. фета сирење
1 мала лажичка прашок за пециво
сол и бибер
Начин на подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги тиквиците и оставете да отстојат малку, а потоа добро исцедете ги. Ставете ги во сад, а потоа додадете ги останатите состојки. Прво јајцата, а потоа брашното и маслото, фета сирењето и прашокот за пециво.
На крајот, додадете малку сол и бибер и измешајте добро.
Ставете ја смесата во калап за печење леб, а одозгора наросете сусам или ленено семе. Печете на 180 степени, околу 40 минути, додека не добие убава, златна боја.
Оставете го лебот да се олади, а потоа можете да уживате во неговиот вкус.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK