Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Сорбет од диња

    Рецепт: Сорбет од диња

    petel baner

    Одличен рецепт кој мора да го пробате во текот на летото дури трае сезоната на дињи.

    Дињите се многу освежителни кога е жешко, а еве и една идеја како да ги направите уште поосвежителни во овие екстремно топли летни денови.

    Потребни сосотојки:

    1 диња
    еден лимон
    полна рака нане
    50 грама шеќер
    150 милилитри вода

    Otkup na kompiri
    Начин на подготовка:

    Исечете ја дињата, извадете го семето од средината и фрлете го, а потоа извадете го месестиот дел од внатрешноста за да добиете шуплина.
    Парчињата диња ставете ги во чинија со полна рака нане. Убаво изблендирајте ги додека нането да се спои со дињата.

    Во тенџере загрејте 150 милилитри вода и во неа ставете 50 грама шеќер. Ставете лимонов сок од половина лимон и оставете ги полека да се спојат и загреат.

    Потоа процедете ја смесата од диња и нане низ цедалка врз тенџерето и ќе добиете бистар чист сок од диња и нане. Мешајте ја смесата на оган, но не давајте и да проврие.

    agrounik

    Добиената смеса ставете ја во соодветен сад за замрзнување и ставете ја во замрзнувач.

    Сорбетот ќе се стврднува во замрзнувачот 3-4 часа, но вадете го секои 45 минути и убаво промешувајте го за да не добиете дебела коцка мраз.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Замрзнатиот сорбет од диња послужето го по ваш вкус. На крај ставете лист нане како декорација и уживајте во освежителниот вкус.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img