За утре од 10 – 12 часот Тутунарите закажаа протест. Протестот ќе се одржи во Прилеп кај Лук Оил Заполошки Мост.
Протестот го најави Тони Ангелески кој рече дека овој протест е закажан поради проблемите со откупот на тутунот.
Останува да видиме до утре што ќе се случува бидејќи за денес во 15:30 минути закажана е средба помеѓу министерот и Тутунарите.
Се надеваме дека ќе дојде до договор и ќе се решат проблемите на големиот број семејства кој што се занимаваат со производство на Тутун.